Денес се демаскираат 2 големи лаги: „Македонскиот јазик не е признаен во ЕУ” и „Не почнуваме преговори, одите само на сликање.”, објави на Фејсбук потпретседателот на СДСМ, Стефан Богоев.
„Лага бр.1: „Македонскиот јазик не е признаен во ЕУ.”
Признаен е, се зборува на Македонски, се преведува на Македонски и сите документи ќе бидат на Македонски.
Лага бр.2: „Не почнуваме преговори, одите само на сликање.”
Преговорите денес официјално почнаа. Тоа го потврдија сите челници на ЕУ како и сите официјални страници и соопштенија од ЕУ.
Да веруваме на факти, а не на празни зборови и лаги“, вели Богоев.