ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

ДЗР: Финансиските извештаи не ја прикажуваат вистинито состојба на ГТЦ

July 19, 2022 13:37
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Финансиските извештаи не ги прикажуваат вистинито и објективно, во сите материјални аспекти, финансиската состојба на Градски трговски центар, Акционерско друштво за издавање на деловен простор под закуп, Скопје на ден 31 декември 2020 година, како и финансиската успешност и паричните текови за годината која завршува со тој датум, во согласност со применливата рамка за известување, се наведува во конечниот ревизорски извештај од извршената ревизија на финансиски извештаи и ревизија на усогласеност за 2020 година на Градски трговски центар Акционерско друштво за издавање на деловен простор под закуп Скопје, објавен од Државниот завод за ревизија.

Постојат недоследности во начинот на спроведување на пописот на средствата и изворите на средствата и отстранувањето на средствата од сметководствената евиденција на расходуваните средства без истите да бидат физички отстранети, се посочува во извештајот и тоа; дел од залихите се застарени; не извршеното запишување на правото на сопственост на земјиштето и на дел од деловниот простор на деловниот објект; не е реално и објективно искажана вредноста во финансиските извештаи на деловниот објект – Градски трговски центар; постои неусогласеност меѓу вредноста на основната главнина евидентирана во трговските книги и запишаниот основачки влог во Централниот регистар на РСМ и во Статутот на друштвото и недоследности при спроведувањето на ЗЈН.

– Во периодот на вршење на ревизијата во СВР Скопје е пријавена кражба на електрична енергија поради наводна интернет трговија со крипто валути. Согласно издаденото Соопштение на МВР од 16.11.2021 година, од страна на СВР Скопје е постапено и е утврдено дека: „ не постојат елементи за сторено кривично дело, казниво согласно Кривичниот законик односно не е констатирана кражба на електрична енергија ниту се лоцирани компјутери за копање на крипто валути во просторот на Градскиот трговски центар Скопје, се вели меѓу другото во извештајот од Државниот завод за ревизија.

Во ревизорскиот извештај стои дека финансиските трансакции и информации, рефлектирани во финансиските извештаи на Градски трговски центар, Акционерско друштво за издавање на деловен простор под закуп, Скопје се во согласност со релевантната законска регулатива, упатства и воспоставени политики./МИА/

Next Post

МНР: Еднострана изјава на Северна Македонија приложена кон записникот на првата Меѓувладина конференција со ЕУ

Shortcut

Најново

Ивана Климпуш-Цинцадзе (фото: ЦИВИЛ)

Ексклузивно интервју на украинската пратеничка Климпуш-Цинцадзе за ЦИВИЛ МЕДИА: Слободата е нашата религија!

August 15, 2026

Создавањето и пресоздавањето на кинескиот тоталитаризам

August 15, 2026

Џелал Хоџиќ: Мицкоски трча маратон кон ЕУ, но спринт кон „српскиот свет“ (ВИДЕО)

August 15, 2026
Џабир Дерала

Два јубилеи и една дијагноза

August 15, 2026

На што се жали ЕСМ ако претходно „им симнувале капа“ на РКМ?

August 15, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Огнена стихија: Екстремни температури, човечки фактор и регионална криза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk