ЦИВИЛ ќе одржи јавен настан на тема „Етничката омраза од собраниската говорница“ на 20 јули 2022 година (среда), со почеток во 13 часот, во прес центарот на организацијата во Бизнис Центарот „Палома Бјанка“.
На настанот ќе се говори за улогата на политичарите и нивното спознавање на мултикултурализмот, институционалната застапеност, (не)дискриминацијата на општествено и институционално ниво.
Учесници на панелот ќе бидат пратениците Зекир Рамчиловиќ, Љатифе Шиковска и Мартин Костовски.
Настанот. како што посочуваат од ЦИВИЛ, е дел од проектот „Чекор напред кон мултикултурно општество“, кој ЦИВИЛ го спроведува во соработка со Министерството за надворешни работи и Европски прашања на Големото Војводство Луксембург и ќе биде емитуван во живо, на Фејсбук страницата и видео каналот на Јутуб на ЦИВИЛ.