ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Северна Македонија во Брисел го започна билатералниот скрининг процес

July 19, 2022 17:52
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Република Северна Македонија попладнево во Брисел го започна билатералниот скрининг процес. Северна Македонија од осамостојувањето во 1991 година, јасно и недвосмислено ја изрази својата стратешка определба за полноправно членство во НАТО и ЕУ и со сиот свој административен и општествен капацитет беше посветен да ги постигне овие цели.

На денешниот состанок обраќања имаа заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ и министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Вицепремиерот Маричиќ истакна дека 21 година по потпишувањето на Спогодбата за асоцијација и стабилизација и 17 години како земја-кандидат за ЕУ, со денешниот состанок за отпочнување со скрининг процесот конечно влегуваме во последната фаза од нашиот пат кон полноправно членство во ЕУ.

„Како вицепремиер за европски прашања заедно со мојата институција, Секретаријатот за европски прашања, како главно координативно тело за преговарачкиот процес во Северна Македонија, ќе ги насочиме нашите напори во обезбедување непречен тек на преговарачкиот процес во сите негови аспекти преку мобилизација на администрацијата бидејќи таа се смета за столб на овој процес. Во наредните недели ќе ја финализираме ревизијата на актите за преговарачката структура од 2019 година и ќе ја операционализираме.

Почетокот на скринингот, патувањето што денес заеднички го започнуваме со Република Албанија нема да биде лесно.

Пристапниот процес бара целосен ангажман, но знаеме дека нема да бидеме сами на овој пат. Сметаме на поддршката од Комисијата и нејзините служби, како наши партнери кои ќе дадат насоки и совети во процесот а ние ќе ги направиме сите напори да обезбедиме непречен тек на преговарачкиот процес во сите негови аспекти“, рече Маричиќ.

Во обраќањето на инаугуративниот состанок за процесот на скрининг, министерот за надворешни работи Бујар Османи предочи дека денес ја започнуваме финалната фаза за остварување на првенствениот надворешно-политички приоритет на нашата држава – полноправно членство во Европската унија.

„Патот дотука не беше нималку лесен, но денес нема да се навраќаме на минатото, туку нашиот поглед е свртен кон иднината и задачите кои треба да ги исполниме за време на преговарачкиот процес. Конечно, од стартната позиција ја почнуваме трката и отсега ќе зависи од нашите сили и способности – да ги мобилизираме сите наши човечки ресурси и посветено да работиме додека не ги исполниме потребните услови за влез во европското семејство во кое цивилизациски, вредносно и културно припаѓаме“, рече Османи.

Владата верува дека новата Методологија, одобрена во март 2022 година, ќе даде нов поттик за пристапните преговори и ќе ја потврди посветеноста на Унијата кон политиката за проширување заедно со заложбите дадени во Солунската агенда и последователните декларации од Софија, Загреб и Брдо.

Истовремено очекуваме новата Методологија да ја покаже и докаже на дело својата основна цел – динамизирање на пристапните преговори, забрзана и неповратна трансформација на нашите општества во целосно функционални демократии еднакви на членките на Унијата, конвергенција на нашите економии и намалување на разликите во споредба со оние на земјите-членки на ЕУ, и на регионално и на државно ниво.

За таа цел, Владата денес на состанокот предложи да се организираат дополнителни состаноци на техничко ниво со претставници од администрацијата на Северна Македонија, каде што европските служби подетално би презентирале како ќе се применува новата методологија за пристапување.

Скринингот е формална и техничка операција што ја врши Европската комисија, со цел да се подготват преговорите за членство и претставува аналитичка презентација на правото на ЕУ и состојбата во земјата кандидат во однос на него. Поспецифично, како процес, тој има за цел, од една страна – да ги запознае земјите кандидати со правното наследство на Европската Унија и на тој начин да ги подготви за преговорите. Од друга страна, целта е да се овозможи Комисијата и земјите-членки да го оценат степенот на подготвеност на земјите кандидати, да бидат информирани за нивните идни планови и да добијат прелиминарни насоки за прашањата што ќе бидат најактуелни во преговорите. На состанокот за билатералниот скрининг како дел од официјалната делегација присуствуваа и министрите за внатрешни работи Оливер Спасовски, за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска и за информатичко општество и администрација, Адмирим Алити.

Next Post

Вархеји: Не сакаме да губиме веќе ниту еден момент и веднаш почнуваме со „акито“

Shortcut

Најново

Вештачење од 2024 година: Мазутот од РКМ не предизвикал загадување, а ТЕЦ Неготино ѝ заштедила милиони на државата

July 25, 2026
Фото: Скриншот, ведео Јутјуб, Индипендант

Трамп воведе нови царини за над 80 земји

July 24, 2026

Икарус и ЕВН избрани за набавка на 150 електрични автобуси

July 23, 2026

Проширувањето на ЕУ и реформите во фокусот на 9. седница на Националниот совет за евроинтеграции

July 22, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Владата прогласи 30 дневна кризна состојба во Гостивар

July 21, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Џаред Кушнер (фото извор: The Other 98%)

    The Other 98%: Сомнежи за кокаински пари и фалсификувани тапии зад проектот на Кушнер во Албанија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Икарус и ЕВН избрани за набавка на 150 електрични автобуси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Владата прогласи 30 дневна кризна состојба во Гостивар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Еве зошто Отворен Балкан не беше српска чајанка туку придобивка за 11 милиони граѓани од регионот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk