ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ВОЈНА ВО УКРАИНА

(ВИДЕО) Зеленски: Секој ден окупаторите даваат нови причини за признавање на Русија како терористичка држава

July 20, 2022 13:04
in ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Сакам да нагласам: немаше и нема основа за какви било претензии кон нашата држава во овој поглед. Нашите партнери се целосно информирани за тоа како ние го користиме даденото оружје. Но, за да се отстранат сите манипулации на руските пропагандисти и оние кои им помагаат во Украина или на некое друго место, ќе функционира ваквата дополнителна парламентарна контролна алатка, истакна претседателот на Украина Зеленски во своето обраќање.

„Секој ден окупаторите даваат нови причини за признавање на Русија како терористичка држава. Синоќа извршија ракетен напад врз село во Одеската област – 7 поморски ракети „Калибар“ против обично село. Ова не се евтини или едноставни ракети – Русија беше многу горда на нив. И каде удрија? Обична селска нива и неработна фарма, селски куќи, помошни згради, лицеј, културен центар. Никаква воена смисла. Тоа е едноставно терор.

За среќа, нема жртви – луѓето навреме реагирале на предупредувачкиот сигнал за воздушен напад. Но, шестмина мештани се повредени, меѓу кои и едно 5-месечно дете. На неа и на нејзината мајка им се дава сета потребна помош. Ова се мети на руските крстосувачки ракети. И какви никаквеци треба да бидете за да извршувате команди за вакви ракетни напади врз мирни села и градови? Дури и рибите и рапаните во Црното Море имаат поголемо достоинство од офицерите на руската флота.

Во изминатиот ден на руско гранатирање беа изложени и Никопол и други населени места во Днипропетровската област, Харкивската област, Миколајив, Краматорск – крстаречка ракета го погоди центарот на градот, Славјанск, Торецк и други градови на Донбас. Многу мртви, многу ранети… Окупаторите ги гранатираа пограничните делови на Сумската област. Во заземената нуклеарна централа Запорожје и во Енергодар – нови факти за терор врз работниците и локалните жители… Без разлика на тоа како окупаторите се обидуваат да се сокријат, Вооружените Сили на Украина, нашето разузнавање сепак ќе обезбедуваат удари како одговор, а нашата држава ќе го воспостави идентитетот на секој руски злосторник кој е виновен за теророт врз Украинците.

Зголемување на американската поддршка за Украина, дополнителна помош за заштита на луѓето од рускиот терор и решавање на хуманитарните потреби се сите задачи на тековната посета на Првата дама на Украина во САД. Денес, на вториот ден од посетата, во Белата куќа се одржа средба со Првата дама Џил Бајден – Претседателот Бајден, Потпретседателката Камала Харис и нејзиниот сопруг дојдоа да ѝ посакаат добредојде на Првата дама на Украина. Благодарен сум ѝ на претседателската двојка на САД, на сите претставници на американската администрација и на секое американско семејство за нивната топлина кон нашата земја и нашиот народ.

И очекувам значителни резултати за Украина во соработка со Америка од оваа посета на Првата дама. Тоа е важно во моментов. Веќе имаше средби со Државниот секретар Ентони Блинкен, со Саманта Пауер и други влијателни политичарки кои ги претставуваат владините и парламентарните структури на Америка. Утре Олена ќе зборува на Конгресот – во име на сите укаински мајки, сите украински жени, и тоа ќе биде важно обраќање. И навистина верувам дека тоа навистина ќе го слушнат оние од кои зависи донесувањето одлуки во САД.

Денес имав телефонски преговори со тројца лидери. Го информирав Претседателот на Полска Анджеј Дуда за состојбата на фронтот. Со него разговаравме за понатамошни чекори за спротивставување на руската агресија. Разговарав со Премиерот на Италија, Марио Драги. Му се заблагодарив за неговиот чесен и принципиелен став во одбрана на нашите заеднички европски вредности. Вечерта разговарав и со Претседателот на Брегот на Слоновата Коска. Го информирав за нашите напори да се спротивставиме на кризата со храна, која ја создаде Русија, а која на светот му се заканува со глад од големи размери.

Во тек е обновувањето на моќната вертикала на државата. Денес назначив нови раководители на регионалните канцеларии на Службата за безбедност на Украина во Закарпатската, Полтаваката, Сумската, Днипропетровскската и Харкиваката област. Разрешив еден од замениците на шефовите на СБУ.

Им благодарам на членовите на конкурсната комисија за изборот на раководител на Специјализираното антикорупциско обвинителство за финализирање на конкурсот. Одлуката за победникот е одобрена.

Беше назначен и нов министер за социјална политика на Украина – Оксана Жолнович. Очекувам таа да биде поактивна во објаснувањето на луѓето за сите нијанси на државната социјална политика – конкретните права на луѓето, механизмите за плаќање и другите можности што ги дава државата. Исто така, неопходно е да се забрза модернизацијата на регулаторната рамка за социјалната политика, а улогата на министерот во тоа треба да биде важна.

Многу е важно тоа што Врховната Рада на Украина денес да ја спроведе иницијативата на Шефот на Кабинетот на Претседателот, Андриј Јермак, за формирање на специјална комисија за следење на употребата на оружјето што го обезбедуваат нашите партнери. Комисијата вклучуваше претставници од сите парламентарни фракции и групи.

Сакам да нагласам: немаше и нема основа за какви било претензии кон нашата држава во овој поглед. Нашите партнери се целосно информирани за тоа како ние го користиме даденото оружје. Но, за да се отстранат сите манипулации на руските пропагандисти и оние кои им помагаат во Украина или на некое друго место, ќе функционира ваквата дополнителна парламентарна контролна алатка.

Потпишав уште еден указ за доделување награди на нашите војници. На 185 воени лица им беа доделени државни награди, од кои пет постхумно.“

Next Post

(ВИДЕО) Акција „Крикот на охридската пастрмка“

Shortcut

Најново

„Скејтбордингот не е за девојчиња“ со награда во Ерусалим и европска премиера во Сараево

July 28, 2026
Прес конференција на СДСМ во Скопје со партиски знамиња во позадина

СДСМ тврди дека тврдењата на Мицкоски за заемот од јавните претпријатија се демантирани

July 28, 2026

Мицкоски од Илинден: Македонија е едно големо градилиште со над 1.200 проекти, најавен и трет повик за општините

July 28, 2026

Осум заболени од западнонилска треска во земјава, вирусот се шири и низ Европа

July 27, 2026
Парно греење (фото извор: Викимедиа)

Од 1 август поскапува парното греење во Скопје, поскапува и горивото

July 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Вештачење од 2024 година: Мазутот од РКМ не предизвикал загадување, а ТЕЦ Неготино ѝ заштедила милиони на државата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кога и цртањето на табла не помага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од 1 август поскапува парното греење во Скопје, поскапува и горивото

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Икарус и ЕВН избрани за набавка на 150 електрични автобуси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Проширувањето на ЕУ и реформите во фокусот на 9. седница на Националниот совет за евроинтеграции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk