Уште една брилијантна игра на Лина Ѓорческа и уште едно пријатно изненадување. Овојпат победа против шпанската тенисерка Aliona Bolsova, 5-та носителка на силниот турнир од W60 категорија, во Оломуц, Чешка.
Ѓорческа во првото коло беше слободна, во второто коло извојува победа во два сета против домашната тенисерка Gabriela Andrea Knutson (6-2 ; 6-2), а предмалку дојде до победа (6-2 ; 6-4) и против 24-годишната шпанска тенисерка Aliona Bolsova, којашто беше и на 88-мото место на светската WTA листа.
Противничка на Лина во борбата за пласман во полуфинале ќе ѝ биде победничката во мечот меѓу 4-тата носителка, Американката Emma Navarro и Conny Perrin од Швајцарија.
Ацо Лукароски