ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Малолетник со електро-шок направа и метален пендрек затекнат во угостителски објект во Струга

July 25, 2022 15:08
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

При мешаните патроли од полициски службеници, родители и претставници од секторот за образование при локалната самоуправа и од Центарот за социјални работи, што викендот се реализираа во Струга, се затекнати малолетни лица во угостителски објекти по 24 часот, а кај еден од нив се пронајдени и одземени електро-шок направа и метален пендрек.

При контролите во рамките на превентивната кампања „Соседска патрола“, како што информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, во периодот од 22 до 2 часот по полноќ била направена обиколка низ угостителските објекти и на отворен простор, каде што во ноќните часови младите најчесто се собираат и се задржуваат.

– Притоа, кај еден малолетник, се пронајдени и одземени една електро шок направа и метален пендрек, по што е повикан неговиот родител и во присуство на претставник од Центарот за социјални работи, во полициската станица е извршен разговор. Во повеќе угостителски објекти, по 24 часот се затекнати малолетни лица, поради што против одговорните и правните лица ќе бидат поднесени соодветни пријави, изјави Димоски.

Целта на кампањата, додаде тој, е родителите да видат какви се условите каде што излегуваат нивните деца, кои угостителски и други јавни места најчесто ги посетуваат, кои се можните ризици со кои се соочуваат и како полициските службеници практично ги применуваат своите полициски овластувања.

– Целта на проектот е преку широка општествена акција да се зацврсти партнерскиот однос меѓу полицијата и граѓаните, да се придонесе кон зголемување на степенот на безбедноста, да се намалат можните инциденти на местата каде што се забавуваат младите, да се подигне нивната општествена свест и совест за одговорно однесување во угостителските објекти и на јавните места како и доследно да се почитуваат законските одредби пред се, од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, рече Димоски./МИА/

Next Post

Вучиќ: Во понеделник ќе се конституира Собранието, а кон средината на август и Владата

EVN

НАЈНОВО

Трамп објави слика со Исус додека конфликтот со папата Лео продолжува да ескалира

April 16, 2026
Скриншот

Белата куќа ги демантира вестите за барање за прекин на огнот со Иран: Пакистан останува единствен медијатор

April 16, 2026
Анаис хороскоп, Македонија, Битола Широк Сокак

Дневен хороскоп со Анис – 15 април

April 15, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Анаис. Мо5тив, Прилеп

    Дневен хороскоп со Анаис – 14 април 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вучиќ и Маѓар за „заеднички кум“ и „Турски тек“ во вербална војна веднаш по изборите во Унгарија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Никол Кидман сака да стане „death doula“ по смртта на мајка ѝ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Задоволен сум од работата на директорот на Царинската управа, историски приходи и петкратно зголемени кривични пријави

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ретка небесна атракција: Кометата C/2025 R3 видлива со голо око над македонското небо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk