Шпанскиот премиер Педро Санчез на крајот на неделата ќе ја започне турнејата низ Западен Балкан.
Како што пренесуваат шпанските медиуми, Санчез е во посета на Западен Балкан со цел да го „реактивира, заживее и ревитализира процесот на проширување“ на ЕУ кон тој регион.
Од 29 јули до 1 август Санчез ќе ги посети Белград, Сараево и Мостар, Подгорица и Тирана, пишуваат медиумите.
Санчез се заложи за реактивирање, заживување и ревитализација на процесот на проширување на состанокот на лидерите на ЕУ на крајот на јуни во Брисел./МИА/