Ако завршивте со Шпанија, Италија и Грција, Гардијан ги препорачува Северна Македонија, Црна Гора, Косово, Словенија и Босна и Херцеговина, како земји што нудат спектакуларни пејзажи, недопрени места за капење, антички градови – и пристапни цени.
„Северна Македонија е планинска, но зелена балканска држава. Иако е без излез на море, таа е благословена со езера: најпознатото Охридско, едно од најстарите и најдлабоките во Европа, но исто така и Преспанско, Дојранско и повеќе од 50 помали глацијални езера. Охридското Езеро кое е на листата на УНЕСКО е главната атракција, опкружено со антички манастири, барови на плажа и ресторани со морска храна. Активностите вклучуваат часови за готвење покрај езерото, е-велосипедизам, патувања со брод и параглајдерство. Истоимениот град е полн со цркви и споменици, а покрај езерото распространети се живописни рибарски села“, пишува Гардијан во описот за нашата земја.
Во прилогот се препорачува да се посети и Скопје издвојувајќи ја тврдината и старата чаршија, како и Музејот на современа уметност. Го издвојуваат Националниот парк Маврово, како дом на мечки, волци и рисови, кој нуди планинарење, велосипедизам, јавање коњи и пливање во лето, а скијање во зима и Националниот парк Галичица и Пелистер.