Активистот Гоце Маркоски со коментар на Фјесбук, реагира на тоа што градоначалничката на Скопје Данела Арсовска бара од Владата дополнителни пари за реконструкцијата на Универзална сала.
„Нема пари за бесплатен јавен транспорт, нема пари за БРТ, нема пари за нови автобуси, нема пари за Универзална…
Типично за вмро“. пишува Маркоски.
Универзалната сала стои недовршена веќе седум години.
Владата за време на мандатот на ексградоначалникот Петре Шилегов обезбеди речиси 2 милиони евра за Универзалната сала.
„И покрај обезбедените средства и склучениот договор со изведувачот, Арсовска ја стопира реализацијата на Универзална салат. Арсовска го прекина Бас Рапид транзит, одби 70 милиони евра од Европската банка за обнова и развој, а потоа бараше пари од Владата за да му се помогне на ЈСП. Арсовска не сакаше да даде пари за да се субвенционира парното, а обезбеди 670.000 евра за 109 партиски кадри на ВМРО-ДПМНЕ во градската администрација. Нема нови 250 автобуси на градските улици. Во Буџетот за 2022 не се обезбедени пари за набавка на нови еколошки автобуси, туку ЈСП пушта во употреба стари автобуси, претходно повлечени од употреба“, реагираа од СДСМ во февруари 2022 година.