ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

МЗШВ: Вложуваме во изградба на нови системи за наводнување, обезбедуваме вода за 20.000 хектари земјоделски површини

August 8, 2022 16:05
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Обезбедување на редовно и навремено наводнување на земјоделските површини е наш главен приоритет како министертво, информираат од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Како никогаш до сега министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство вложува во реализација на капитални проекти за изградба на нови системи за наводнување.

Ја започнавме и активно работиме на изградбата на браната Конско, една од најголемите капитални инвестиции во делот на наводнувањето вредна повеќе од 2,6 милијарди денари, која се реалиизира со буџетски средства на Владата. Ова е најголем капитален проект за водоснабдување во последните 50 години, со кој овозможуваме наводнување за повеќе од 4000 хекатри земјоделско земјиште во гевгелиско поле.

Уште еден голем проект на кој МЗШВ работеше е проектот за наводнување на јужната долина на реката Вардар вреден 24 милиони евра. По примерот на овој систем МЗШВ последната година преку KfW обезбеди дополнителни 120 милиони евра, средства наменети за подготовка на прокетна документација за системите Конско, Лисиче, Страиште, Пепелиште каде се обезбедува наводнување за вкупно 15.500 хектари земјоделско земјиште.

Дополнително со ребалансот на буџетот за 2022 година 450 милиони денари, нови дополнителни средства за реализација на капитални инвестиции во делот на водоснабдувањето за проектите Конско, Равен – Речица и Речани.

Обезбедивме финасиска поддршка од Европската Унија, преку средства од ИПА фондовите, и заедно градиме нови седум мали нискотрошковни системи за наводнување во вредност од 8,3 милиони евра, преку кои се обезбедува наводнување за 1.245 хектари земјоделско земјиште.

Преку овој проект за мали нискотрошковни системи ги градиме системите во Конопница, Пишица и Теарце во вредност од 2,3 милиони евра, средства обезбедени преку ИПА фондовите, со кои се обезбедува наводнување за нови 370 хектари земјоделско земјиште.

Системот за наводнување Чаушица е веќе завршен, а во завршна фаза е и системот Славишко Поле. Ова се уште два капитални проекти за наводнување на земјоделско земјиште поддржани од ИПА фондовите на Европската Унија во вредност од е 2,5 милиони евра. Со изградбата на овие системи дополнително овозможуваме наводнување за дополнителни 300 хектари земјоделско земјиште.

Дополнително преку поддршка од ИПА фондовите на ЕУ обезбедивме средства во вредност од 3,5 милиони евра, наменети за изградба на хидросистеми за наводнување во Сопот и Новаци, кој обезбедуваат наводување за нови 590 хектари земјоделско земјиште.

Покрај капителните инвестиции, МЗШВ преку Програмата за Рурален развој дава поддршка на земјоделците за набавка на модерни системи за наводнување на земјоделските површини. Интересот кај земјоделците за оваа мерка е од година во година се поголем. Со последниот јавен повик за оваа мерка беа доделени вкупно 322 договори за финасиска поддршка на земјоделците за набавка на модерни системи за наводнување во вредност од 75 милиони денари.

Сите овие инвестиции кои како министерство и Влада ги реализираме имаат за цел да овозможуваме достапност на земјоделците до соодветни системи за наводнување, помали трошоци за работа и поголема конкурентност, но најважно да овозможуваме поголем принос и поголем квалитет на земјоделските култури.

Next Post
Принт скрин од прилог
на лондонски Гардијан

Лондонски Гардијан ја препорача нашата земја како туристичка дестинација

Најново

Анаис. Мотив, Битола, чаршија

Дневен хороскоп со Анаис за 12 мај 2026: Експлозивен нов почеток и силна акција

May 11, 2026

Комисијата за култура на СДСМ: Изјавата на Љутков е празен маркетинг за прикривање на хаосот во културата и нападот врз Колективниот договор

May 11, 2026

Филипче: Пропагандата на ВМРО ја обвинува ЕУ за сопствениот дебакл со реформите

May 11, 2026

Дуа Липа ги тужи Самсунг за 15 милиони долари

May 11, 2026
Фото: МОБ

Македонската опера и балет ги отвори 54. Мајски оперски вечери

May 11, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk