ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

(ВИДЕО) Писателот Салман Ружди нападнат на сцена во американската држава Њујорк, пренесен во болница

August 12, 2022 19:33
in ZOOM IN, ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Писателот Салман Ружди, кој со години добиваше смртни закани по објавувањето на романот „Сатански стихови“, беше нападнат на сцената во американската држава Њујорк, пренесува Би-Би-Си.

Добитникот на Букеровата награда зборуваше во образовниот центар Чаутауква во моментот на нападот.

Полицијата на државата Њујорк соопшти дека Ружди бил прободен со нож во вратот и со хеликоптер бил пренесен во локална болница, а напаѓачот бил приведен.

На видеото објавено на Интернет, се гледаат посетителите како трчаат на бината веднаш по инцидентот.

Ружди, роден во Индија, стекна светска слава благодарение на романот „Деца на полноќ“ во 1981 година.

Тој роман е продаден во повеќе од милион примероци само во Велика Британија.

Но, за неговиот четврти роман, Сатанските стихови во 1988 година, Ружди беше принуден да се крие девет години.

Надреалистичкиот, постмодернистички роман предизвика бес кај некои муслимани, кои ја сметаа неговата содржина за богохулна и беше забранет во некои земји.

Една година по објавувањето на оваа книга, иранскиот врховен лидер ајатолахот Хомеини повика на атентат на Ружди и понуди награда од три милиони долари.

Во насилството што следеше по објавувањето на романот загинаа десетици луѓе, а загинаа и преведувачите на делото.

Наградата за главата на Ружди сè уште е на сила, иако иранската влада се огради од декретот на Хомеини.

Авторот, кој има британско и американско државјанство, е гласен поборник за слободата на изразување и безброј пати го бранел делото на романот.

Неговото појавување на настанот во државата Њујорк беше првото во серијата од седум предавања водени од непрофитната организација.

J. Ѓ.

 

Next Post

Непостоечки говор на Киану Ривс се споделува на Фејсбук од 2016 година

Shortcut

Најново

Жерновски: Муцунски е фатен во лага, власта се заканува кога нема резултати

August 14, 2026
Tap water, photos by Vecteezy

Гостивар: Водата се прочистува, но довербата останува загадена

August 14, 2026

Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

August 14, 2026
Фото: МИА

Гаши: Охридскиот рамковен договор останува столб на мирот, еднаквоста и соживотот

August 13, 2026

Андовски вели нема место за паника по прогласувањето на епидемија од западнонилска треска во неколку скопски општини

August 13, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk