ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Две од повредените деца во несреќата на автопатот Тракија во Бугарија ќе бидат префрлени во болница во Софија

August 15, 2022 09:24
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Две деца повредени во вчерашната несреќата на автопатот Тракија во Бугарија ќе бидат пренесени во болницата Пирогов во Софија, изјави службениот министер за здравство на таа држава, Асен Меџидиев, пренесува МИА.

Во болницата во Стара Загора има 14 лица – двајца возрасни и 12 деца.

Две од децата се во тешка состојба. Едното сега е стабилизирано и е контактибилно, но ќе биде потребна операција. Во 9:00 часот детето ќе биде пренесено во Софија на детска хирургија, додека другото дете има трауматски шок и траума на горен екстремитет. Неговата состојба е малку влошена. Ќе се транспортира до „Пирогов“, рече Меџидиев.

На еден возрасен му е ампутиран екстремитет, изјави министерот за здравство.

Оние кои се во добра состојба со амбулантно возило ќе бидат пренесени на граница каде ќе бидат преземени од српска страна.

Автобус со регистерски таблички од Шабац, Србија излета вчера од автопатот Тракија во Бугарија и се преврте во ендек. Несреќата се случи вчера околу 20 часот по локално време на 216 километри во правец на Софија, кај Стара Загора. Децата биле учесници на фестивал во Несебар. Патувале од Несебар и се членови на фолклорниот ансамбл ЈУ-ЛИРА од Србија.

Повеќето се од Батајница. Во автобусот имало 38 деца и 11 возрасни.

Министерот за здравство на Србија, Златибор Лончар во текот на ноќта замина во Бугарија за да ги посети повредените и со бугарските колеги да разговара за понатамошните чекори во нивното лекување и дали е потребна дополнителна помош за повредените.

Во текот на ноќта на местото на несреќата пристигнаа главниот обвинител на Бугарија, Иван Гешев и неговиот заменик Борислав Сарафов, кој е и директор на Националната истражна служба, за да се запознаат со текот на истрагата.

„За жал, имаме хронични проблеми и со патиштата и со ознаките на патиштата. Од обвинителството повеќепати ни е кажано дека имаме проблеми со возачите кои управуваат со моторни возила откако конзумирале алкохол и дрога“, рече тој.

На таа магистрала пред два дена загинаа бремена жена и дете откако автомобил со турски регистерски талбички со кој се превезувале излетал од патот.

Next Post

Македонската кадетска репрезентација избори пласман на СП 2023 и на младинското ЕП 2024

Shortcut

Најново

Фото: Фронтлајн, генерирано со ВИ

Во македонската рамка нема „бугарско Поглавје 35“: Софија не успеа да го наметне српско-косовскиот модел

June 7, 2026

Филибек: СДСМ го трасираше патот кон европската интеграција, иднината на Северна Македонија е во ЕУ

June 7, 2026

Алиу: Првото психолошко советувалиште за деца и адолесценти отвора нов пристап кон менталното здравје

June 6, 2026

Филипче: На што ќе се вади сега Мицкоски после пораките на Мерц и Макрон?

June 6, 2026

Случај „Мазут“: Може ли да има кривично дело ако нема утврдена штета?

June 6, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Кошта ја кажа вистината што власта се обидува да ја сокрие

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  •  „Охрид СОС“  бара итна привремена заштита на куќа од 1927 година во Охрид

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Месечен хороскоп со Анаис за јуни 2026: Ментална експанзија и емотивна консолидација

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Антропик“ предупредува: Вештачката интелигенција наскоро ќе може самата да се усовршува без човечка интервенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што добива Македонија од новиот француско-германски нон-пејпер?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk