Пожар избувна во складиште за муниција во руската област Белгород, објави гувернерот на регионот Вјачеслав Гладков на Телеграма, пренесува Радио Свобода.
„Се запали складиште за муниција во близина на селото Тимоново во областа Валујски. Според последните податоци, нема жртви. Началникот на округот ги евакуираше жителите на селата Тимоново и Солоти на безбедно растојание“, напиша тој во објава на Телеграм.
Причината за пожарот се истражува.
Локалните Телеграм канали објавуваат видеа од пожарот. Радио Свобода не може да ја потврди автентичноста на објавеното видео.
Во јули, серија експлозии се случија во центарот на рускиот град Белгород, при што загинаа пет лица.
Министерството за одбрана на Руската Федерација тогаш објави дека Белгород бил нападнат од украинските сили.
Украинските власти тврдат дека фрагменти од руската ракета „Панцир С1“ биле заглавени во високите згради на Белгород врз кои било пукано. Според Серхи Брачук, шеф на јавниот совет под регионалната државна управа на Одеса, нема такви системи за ракетно оружје во служба со вооружените сили на Украина. Киев не го коментираше гранатирањето на Белгород.
Областа Белгород во Русија се граничи со регионите Луганск, Харков и Суми во Украина.
Извор: ЦивилМедиа