Нова ТВ од скопско Кале го следeше прелетот на авионите Б52 на воздухопловните сили на САД над Скопје.
Прелетите на воздухопловите, како што информираа од Министерството за одбрана, го демонстрираат силното сојузништво на НАТО и претставуваат гарант за целата Евроатланска област, вклучувајќи ја и Северна Македонија.







