ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЗДРАВСТВО

Додека тече истрагата во Обвинителството за Клиниката „Жан Митрев“, неколку пациенти дадоа поддршка со лични искуства

August 25, 2022 17:55
in ДЕНЕС, ЗДРАВСТВО, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Паралелно додека тече истрагата во Обвинителството за случајот со Клиничката болница „Жан Митрев“, неколку пациенти кои тврдат дека успешно биле излечени со методот на хемофилтрација од Ковид-19, раскажаа за своите искуства со оваа болница. Велат дека се организирале самоиницијативно и оти не им бил понуден надомест за да го раскажат своето искуство.

Тие велат дека биле во животна опасност, но третманот во Клиниката и хемофилтрацијата им помогнале повторно да застанат на нозе.

Бев во лоша ситуација, после само два дена по заразување со Ковид вирусот мене ми откажаа белите дробови… Сатурацијата ми беше под 80. Не сакаше ни Брза помош да ме земе. Сам возев и ме примија во Клиниката, вели еден од пациентите.

Тој додаде дека тимот на доктори и на техничари и на болничари бил премногу професионален, негата на високо ниво, по влошување на неговата ситуација завршил на респиратор и веќе не можел да стане од кревет.

По првата хемофилтрација за која што го прашаа и татко ми, и мене и сите, ја одобривме. По неколку часа од првата хемофилтрација јас се опоравив, почнав да јадам и веќе наредниот ден ме ставија во обична соба. По јадењето и лекувањето неколку дена во обична соба они мене ме пуштија дома, истакна пациентот.

Меѓу пациентите некои се жалеа дека не биле добро третирани по државните клиники и биле принудени да одат во приватна клиника, конкретно во случајов во клиниката „Жан Митрев“. Некои од нив велат доколку имаат повторно здравствен проблем, повторно би се лекувале на оваа клиника.

Обвинителството, еден ден по емитувањето на документарниот филм „Нечиста крв“ на ИРЛ, на 18 јули, оформи предмет по допрен глас за да го испита начинот на лекување на пациентите во приватната болница „Жан Митрев“ во периодот на пандемијата со коронавирусот од 2020 до 2022 година.

На 12 август Обвинителството отвори истрага во која сопственикот на болницата доктор Жан Митрев е осомничен за Измама на пациенти. Судот му го одзеде пасошот како мерка на претпазливост поради опасност од бегство.

„Осомничениот, во периодот од април 2020 година до 2022 година, со намера за правно лице – приватна здравствена установа да прибави противправна имотна корист, со лажно прикажување факти, ги довел во заблуда пациентите лекувани од КОВИД 19 со методот на хемофилтрација“, соопштија тогаш од Јавното обвинителство.

Next Post

Демант од МЗШВ за извозот на огревно дрво

Shortcut

Најново

Дина Дума е првата македонска режисерка што ја добива „Nora Ephron Award“ на „Tribeca“ фестивалот во Њујорк

June 13, 2026
Илустрација Фронтлајн

Владата на САД итно ги блокираа напредните AI модели Fable 5 и Mythos 5 на „Антропик“ поради национална безбедност

June 13, 2026

Нула денари штета и загадување – Случајот „Мазут“ од почеток до крај: Што покажуваат фактите?

June 13, 2026

Во Скопје ќе се одржи форум за безбедност за улогата на Западен Балкан во европската стабилност

June 13, 2026

Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

June 13, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во македонската рамка нема „бугарско Поглавје 35“: Софија не успеа да го наметне српско-косовскиот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Четирите сурови реалности за бизнисот со вештачка интелигенција: Дали колабира AI балонот?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 9 јуни 2026: Огнен налет, лидерство и оперативна брзина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk