ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Комисијата за јавно-приватен дијалог станува кризно тело, Владата и бизнисот заеднички против енергетската криза

August 25, 2022 15:48
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Комисијата за јавно-приватен дијалог ќе стане кризно тело преку кое Владата и бизнис секторот заеднички ќе делуваат во насока на справување со енергетската криза.

Ова е договорено на денешната редовна седница на Комисијата со која копретседаваше вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, а присуствуваа и вицепремиерот Бојан Маричиќ, министрите за финансии Фатмир Бесими, и за труд и социјална политика Јованка Тренчевска, директорките на УЈП Сања Лукаревска, и на Царинската управа Славица Кутиров, како и претседателите на стопанските комори, членки на Платформата за јавно-приватен дијалог Трајан Ангелоски од Сојузот на стопански комори, Неби Хоџа од Стопанска комора на северозападна Македонија, Анета Антова Пешева од МАСИТ и претседателот на Стопанската комора Бранко Азески.

Вицепремиерот Битиќи на почетокот ги извести присутните за планот на производство на АД ЕСМ и порача граѓаните да не се грижат зашто, како што истакна, електрична и топлинска енергија ќе има доволно во текот на целата зима.

Планот за производство на АД ЕСМ за 2022 година е направен со зголемување од 25 отсто во споредба со 2021 година и со тоа ЕСМ ќе ја произведува целата електрична енергија која им е потребна на граѓаните и на малите потрошувачи, и нема потреба да купува струја. Дополнително, сите производствени капацитети од домашното производство ќе се стават во функција, и поради тоа ги уверувам граѓаните дека граѓаните не треба да се грижат, електрична енергија како и топлинска енергија ќе има доволно во текот на целата зима, рече Битиќи.

Тој се осврна и на новиот правилник за поставување соларни панели, со олеснета процедура и зголемен опсег на производство од 4 на 6 киловати за приватни произведувачи или од 40 на 60 киловати за индустриските објекти.

Вицепремиерот Битиќи кажа дека само во 2022 година кон стопанството како државна помош се обезбедени повеќе од 70 милиони евра директна финансиска поддршка, средства кои и во криза пораснаа од претходната година а и не беа скратени со ребалансот на Буџетот.

Ова се средства кои помагаат во ликвидноста на компаниите и кои не смеат да бидат заборавени денеска кога зборуваме за партнерскиот однос и подадената рака во време на криза, кажа вицепремиерот Битиќи.

Министерот за финансии се осврна на ликвидноста на Буџетот, за кој потврди дека е во добра кондиција. Дополнително, зборуваше и за предлогот за даночна реформа кој се разговара во широка консултација вклучително со коморите и бизнис секторот, напоменувајќи дека ќе продолжи додека не се усогласат сите страни.

Вицепремиерот Битиќи како и министерот Бесими потсетија на повикот и препораките за штедење и одговорно однесување од сите страни со цел, како што нагласија, полесно справување со кризата и спречување на непотребното трошење електрична енергија.

Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, исто така, се обрати на состанокот, посочувајќи дека пред нас е почетокот на преговори, процес во кој, како што подвлече, ќе бидат поставени барања и структурни промени.

Учеството на стопанските комори во пристапните преговори ќе биде клучно, бидејќи со специфичното знаење и искуство што го има бизнис секторот, може многу да придонесе за подобрување на политиките и побрзо усогласување со ЕУ регулативите и ЕУ стандардите кои ќе бараат и човечки и финансиски капитал, но и нова технологија, рече Маричиќ.

Next Post

Прво па женско 10 со фокус на жени кантавторки

Shortcut

Најново

Јана Коцевска

Јана Коцевска: Родовото насилство е нормализирано, институциите не обезбедуваат вистинска заштита

November 19, 2026

Тутунари, не дозволувајте грешките при пакувањето и чувањето да ви го намалат откупот

November 19, 2026
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова (извор: Wikipedia)

Уставниот „рекорд“ на Сиљановска-Давкова падна на проверката на фактите – ЦИВИЛ МЕДИА укажува на политичка манипулација со бројките

November 19, 2026

Емил Цветанов: ВФМ мора да биде симбол на фер-плеј, чесност и еднаков третман

November 19, 2026

Седум фемициди и шест барања: Граѓанските организации бараат институционална одговорност

November 18, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЛЕЛЕ, МАМО, КРИЗА Е!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вест стара 59 години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спасовски: Изборот е направен, насоката е потврдена, продолжуваме по правиот пат во европска иднина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уставниот „рекорд“ на Сиљановска-Давкова падна на проверката на фактите – ЦИВИЛ МЕДИА укажува на политичка манипулација со бројките

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мислете му ја!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk