ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Дополнителни 10,3 милиони долари поддршка од САД за демократско општество и конкурентна економија

August 30, 2022 12:20
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Дополнителни 10,3 милиони долари американска поддршка за развој на демократско општество и за конкурентна економија, ќе добие земјава со амандманот на Договорот за грант за партнерство за развој со САД. Амандманот го потпишаа денеска министерот за финансии Фатмир Бесими и директорката на УСАИД во Северна Македонија Џери Дајбл, во присуство на амбасадорката на САД, Кејт Мари Брнз.

Како што нагласи Бесими, со овој амандман, досегашната ефектуирана вредност од Договорот е 22,1 милион долари од вкупно планираните 56,6 милиони.

Според министерот, поддршката што ја добива земјава од САД во овој период на криза продлабочена со руско-украинскиот конфликт, е од големо значење. Преземањето мерки и активности за градење отпорни и одржливи економии, во овој момент, потенцира Бесими, е од исклучителна важност.

Стратешката определба на нашата земја од нејзиното формирање е евроатланското интегрирање. Посветеноста кон оваа цел се огледа и преку нашиот иако долг, но непоколеблив пат, кој резултираше на наша голема гордост и задоволство со добиеното членство во НАТО во 2020 година и почетокот на пристапните преговори со ЕУ годинава. Без двоумење ќе кажам дека наш постојан и посветен партнер и поддршка во овој процес беа нашите пријатели, САД. Потврда за тоа е и денешното потпишување на амандманот на петгодишниот Договор за грант за партнерство за развој. Со овој документ, со кој САД ни доделува дополнителна поддршка во износ од 10,3 милиони долари, се поддржува развојот на демократското општество и конкурентна економија, како вредности на кои го темелиме нашето општество, рече Бесими.

Со амандманот, дополни, се зголемува поддршката за активности кои ќе овозможат градење поодржливо општество.

Осврнувајќи се на петгодишниот Договор за грант за партнерство за развој потпишан во мај  лани, министерот потсети дека со него се дава поддршка за системските цели: зајакната економска конкурентност, зголемена продуктивност, повисока интеграција на евроатланските и регионални пазари, зајакната безбедност и сигурност, зголемен придонес на младите во општеството, зајакнати економски можности и подобрени социјални вредности кај младите, поддршката за активности за борба против корупција, зајакнување на отченоста на јавниот сектор и на општата култура на отчетност кај граѓаните.

Во овие насоки ќе бидат спроведени конкретни мерки кои ќе придонесат во градењето на демократска, конкурентна држава, подвлече Бесими.

Во обраќањето тој укажа и дека покрај политичката поддршка, досега нашата држава има добиено и значителна финансиска поддршка од страна на американската влада преку УСАИД, која од 1993 година досега изнесува околу 840 милиони долари.

Директорката на УСАИД Џери Дајбл рече дека заедничките цели од Договорот се во три клучни области: поголем економски раст преку подобрена конкурентност, намалување на пречките за евроатлантските пазари и енергетска безбедност, зголемен ангажамн на младите, борба против корупцијата и развивање култура на одговорнопст.

Двете страни се обврзуваат да работат заедно и да ги спроведат иницијативите кои се од корист за земјата, истакна Дајбл.

Next Post

Доделување на наградата „Роман на годината“ од Фондацијата „Славко Јаневски“

Shortcut

Најново

Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk