ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивните писма на новата украинска амбасадорка, Лариса Дир

August 30, 2022 12:15
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

 Претседателот Стево Пендаровски ги прими акредитивните писма на новоименуваната амбасадорка на Украина во Република Северна Македонија, Лариса Дир.

Да се биде амбасадор на Украина во овие тешки времиња за земјата, која е жртва на брутална агресија од страна на Руската Федерација, е исклучителна задача. Доаѓате во пријателска држава која секојдневно сочувствува со Вас и затоа Ве уверувам дека ќе ја имате нашата целосна поддршка, а сите наши институции ќе го олеснуваат Вашето работење и ќе се обидат да помогнат на сите можни начини, истакна претседателот Пендаровски во обраќањето на церемонијата на предавање на акредитивните писма од страна на амбасадорката Дир.

Претседателот Пендаровски, како што соопшти неговиот Кабинет, посочи дека Република Северна Македонија целосно и недвосмислено го поддржува територијалниот интегритет и суверенитетот на Украина во нејзините граници до 2014 година.

Нашата земја досега пружи различни видови помош на пријателскиот украински народ и бидете уверени дека тоа ќе го правиме се додека биде потребно. Отворено ја поддржавме Вашата земја при добивањето кандидатски статус за членство во ЕУ. Можеме само да му посакаме на пријателскиот украински народ, периодот до почетокот на преговорите со ЕУ да биде со помалку пречки и пократок од оној кој ние го изодевме, порача во обраќањето претседателот Пендаровски.

Тој искажа уверување дека Северна Македонија и Украина ќе продолжат со позитивниот развоен тренд на односите и соработката во сите области и го потенцираше интересот на нашата земја за јакнење на економските врски за кои изрази надеж дека ќе помогнат во обновата на Украина.

Амбасадорката на Украина се заблагодари за помошта што Северна Македонија ѝ ја дава на Украина, како и за поддршката на меѓународна иницијатива „Платформа за Крим“.

Помошта од надлежните институции, загрижените граѓани и претприемачите е многу активна. Северна Македонија веќе има доставено повеќе од 230 тони хуманитарна помош во Украина, а дополнително и ја обезбеди на Украина потребната материјална и техничка помош во воено-техничката област. Северна Македонија е на вистинската страна на историјата: самоуверено се движи кон членство во Европската Унија, одобрува важни одлуки во НАТО, се приклучува кон витално важните безбедносни резолуции во ОН. Цврсто верувам дека Вашата земја, која ќе претседава со ОБСЕ следната година, заедно со Украина, секогаш ќе ги брани нашите заеднички цивилизациски вредности, истакна во говорот амбасадорката Дир, додавајќи дека само заеднички ќе успееме да изградиме нова и поефикасна безбедносна архитектура во Европа.

Украинската амбасадорка изрази уверување дека пријателските билатерални односи меѓу двете земји ќе продолжат да се продлабочуваат и дека тоа ќе им помогне на нашите народи да станат уште поблиски и повеќе да ја вреднуваат меѓусебната поддршка.

Демократијата, хуманизмот, европските вредности се токму она што ги обединува нашите земји и нашите граѓани. Затоа, мораме да станеме дел од нашата заедничка европска иднина врз основа на принципите на меѓусебно почитување и силно пријателство, рече амбасадорката Дир.

Претседателот Пендаровски на амбасадорката Дир ѝ посака успешно извршување на значајната дипломатска мисија.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Пуштени во употреба првите 20 километри од автопатот Кичево – Охрид, власта се фали за својата посветеност и работа

July 13, 2025

(ВИДЕО) Римац Невера Р постави 24 светски рекорди, станува најбрзиот електричен автомобил досега

July 13, 2025

Нови детали за убиството во Прилеп: Пред куќата полицијата имала престрелка со убиецот

July 13, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Приказна за лавот и глушецот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Барселона сака да се „ослободи“ од двајца играчи, тие не сакаат да заминат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Двојно убиство и самоубиство во Прилеп, убиецот ги убил внукот од сестра и неговиот син, па се самоубил

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нови детали за убиството во Прилеп: Пред куќата полицијата имала престрелка со убиецот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Чупеска за Фронтлајн: Власта ја занемарува интеркултурната комуникација и ги продлабочува поделбите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk