Вечерва по интензивната агенда која овие неколку денови ја имавме во Белград за време на самитот на Отворен Балкан и саемот на храна вино и туризам, вечерва сме присутни на Егзит кој се организира во рамките на Отворен Балкан, објави на Фејсбук, премиерот Димитар Ковачевски.
Како што објави Ковачевски, повеќе од 20.000 присутни уживаат во звуците на нашите македонски виртуози – Влатко Стефановски, Есма бенд, и меѓународните уметници Сатори и Марко Луис.
Ј. Ѓ.