Пишува: БРАНКО ТРИЧКОВСКИ
Македонија се однесува како холивудска ѕвезда која го моли идиотот регистриран како доктор за пластична и реконструктивна хирургија, да ја разубави, да ѝ тури малку силикони и ботокси, да ѝ го крене задникот, да ѝ ги напумпа цицките и усните и да ѝ ги направи јаболчиците на лицето како кај Орнела Мути.
Односно да ѝ ја крене самодовербата.
Идиотот што триесет и кусур години ја работи Македонија со рѓосани жилети и џамчиња од скршени сијалици, се вика вмро-дпмне.
Не постои нација која доброволно, во мирновременски услови, дозволила така да ја искарикираат, да ја освињат, да ја направат гуска без пердуви, кокошка без тртка и без клун, стаорец без мустаќи, носорог без рог, слон без сурла, гепард без опашка. Со најбесмислени, најидиотски, најглупантропски, најинфантилни, најнеписмени кампањи и теми. Со кои го диктира општествениот дискурс и на кравата ѝ вика, маче поубава си од Ирина Шајк.
Текстот е личен став на Авторот.