Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска го повика рускиот претседател Владимир Путин да нареди „целосно повлекување“ на руските трупи од Украина, каде што се соочуваат со украинската контраофанзива.
Во 90-минутниот телефонски разговор со рускиот претседател, Шолц инсистираше дека треба да се најде дипломатско решение што е можно поскоро, засновано на прекин на огнот, целосно повлекување на руските сили и почитување на територијалниот интегритет и суверенитет на Украина, се наведува во соопштението од канцеларијата на Шолц.
Тој, исто така, побарал од Путин „целосно“ да го спроведе договорот за извоз на украински житарки.
Украинската армија презеде речиси 6.000 квадратни километри територија од руските сили за време на контраофанзивата започната на почетокот на септември, изјави вчера украинскиот претседател Володимир Зеленски.