Никола Мицевски, пратеник и координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието, во интервју за Радио Слободна Европа, на прашањето – Зошто се против внесувањето на Бугарите во Уставот, вели дека ВМРО-ДПМНЕ не се против Бугарите да влезат во Уставот.
„Апсолутно не сме против внесувањето на Бугарите во Уставот, ние го кажавме нашиот став, меѓутоа има многу работи во Договорот кои што се основа на сите асимилаторски и негаторски претензии на соседна држава кон нас. Нека се решат сите спорни прашања по однос на тоа. Апсолутно не сме против Бугарите и не само против Бугарите, туку и другите за внесување во Уставот“, истакнува покрај другото, координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски.