Партијата Левица со формулацијата на референдумското прашање фактички признава дека Северна Македонија ги почна преговорите со Европската Унија.
„Дали сте за продолжување на преговорите со ЕУ, со прифаќање на собраниските Заклучоци број…“, рече претседателот на Левица, Димитар Апасиев, соопштувајќи како неговата партија ќе го формулира прашањето за референдум.
За разлика од ВМРО-ДПМНЕ, нема директно да го „напаѓа“ Договорот со Бугарија туку Заклучоците, рече Апасиев во емисијата „Само интервју“ на ТВ Канал5.
Ќе бараат, рече Апасиев, задолжителен референдум, а бидејќи по нашиот Закон за референдум изјаснувањето е „за“ и „против“, очекува граѓаните на прашањето да гласаат против.