ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home АКЦЕНТИ

Ковачевски на Канал 5: Им должиме на илинденците, на асномците и најмногу на нашите деца да обезбедиме влез во ЕУ

October 27, 2022 19:19
in ZOOM IN, АКЦЕНТИ, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Димитар Ковачевски вечерва во вестите на Канал 5 телевизија, на новинарското прашање дали членството во ЕУ е достижно до 2030 година рече дека од првиот ден на неговиот мандат се соочува со новинарски прашања дали е оптимист за отпочнување на преговорите со ЕУ и кога би можела Северна Македонија да биде дел од ЕУ. Притоа премиерот Ковачевски се осврна и на процесот на преговори со Бугарија кои по успешното завршување обезбедија конечен почеток на преговори со Унијата по 17 години поминати во чекалната.

„Од прв ден кога ме прашувавте и голем дел ваши колеги ме прашуваа дали сум оптимист во однос на отпочнување на преговорите со ЕУ. Знаете во какви услови се одвиваа тие преговори со Бугарија, па потоа со Франција и Германија.

Тоа беа тешки преговори, тешка реторика за сите граѓани, чувствата кои што ги имаа нашите граѓани на една мачнина, ги имав и јас, и јас сум само човек, меѓутоа на крајот мораше да се донесе одлука со која што Северна Македонија ќе ги отпочне преговорите со ЕУ, затоа што мора да мислиме на идните генерации, мора да седиме на големата маса во Брисел и да обезбедиме побогата иднина за генерациите кои што доаѓаат после нас.“

Меѓудругото премерот рече дека другата алтернатива е да седиме сами, изолирани, скарани со соседите, со отворени прашања со ЕУ.

„Ја донесовме одлуката, не беше лесна одлука и таа одлука ни обезбеди старт на преговорите со ЕУ. Јас цело време зборував тогаш кога ме прашуваа дали сум оптимист, секогаш велев дека  сум рационален оптимист. Тоа значи дека верувам во остварување на целта, но работам таа да се случи.

Сега од нас зависи, колку брзо ќе го завршиме објаснувачкиот скрининг, колку брзо ќе го завршиме билатералниот скрининг, колку брзо ќе ги направиме потребните уставни измени и колку брзо во тие преговори сите заедно, ама кажувам сите заедно, и Владата и опозицијата и академската заедница и бизнис заедницата и невладините организации и медиумите, бидејќи оваа е процес за сите, ќе успееме во тие преговори што побрзо да станеме членка на ЕУ. Доколку сите бидеме фокусирани на остварување на таа цел, доколку сите веруваме во остварувањето на таа цел, доколку сите сме сигурни, а сигурни сме дека тоа го сакаме,  тогаш јас сум спремен да водам и сите заедно до 2030 година да ја оствариме таа цел.

Затоа што тоа го должиме и на граѓаните кои што пред 31 година ја оствариле независноста на нашата држава преку референдумот и на оние од 1903 и од 1941 година кои што со своите животи се бореле за независна македонска држава, ние сега ја имаме нашата борба, а тоа е со целото свое знаење, искуство, посветеност сите кои што ги набројав да обезбедиме влез на државата во ЕУ. Затоа што тоа е местото кое што нашите граѓани го заслужуваат. Место на економски просперитет, социјална правда и демократија.“ истакна Ковачевски.

 

Next Post

Препорака до Грците од 18 до 21 часот да ја ограничат употреба на електрични уреди што трошат многу струја

Shortcut

Најново

Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

August 7, 2026

СДСМ: Кој оди на екскурзија во Брисел среде лето? Само оној што има таен план „под радарот“

August 6, 2026
Фото: Влада

Мицкоски: Македонските аеродроми се најбрзорастечки во регионот – тоа е резултат на работата изминатите 25 месеци

August 6, 2026
Џабир Дерала, Форум за мир и дијалог, 13 август 2023 (фото: Рилинд Сулејмани)

Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

August 6, 2026
Фото: Скриншот

Осумдесет и една година по атомската бомба, Хирошима повторно повика на разоружување

August 6, 2026

НАЈЧИТАНО

  • РАСПАД НА СИСТЕМОТ – проверка во вар-собата не е потребна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жерновски удри по Мицкоски за навредите кон граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ возврати дека токму Жерновски живее на државна сметка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Британската МИ6 најмоќна надворешна разузнавачка служба во Европа, следна е француската

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk