ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home АКЦЕНТИ

Забрчанец: Ни требаат и Отворен Балкан, и Берлински процес

October 28, 2022 08:00
in ZOOM IN, АКЦЕНТИ, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Берлински процес и Отворен Балкан се две иницијативи кои се комплементарни и се надополнуваат, имаат слични цели а дејсвуваат преку различни механизми и проекти, вели во изјава за „Локално“, Марјан Забрчанец – национален координатор на Северна Македонија за „Отворен Балкан“, запрашан дали по рестартирање на Берлинскиот процес може да пропадне иницијативата „Отворен Балкан“.

Регионот ќе успее да се поврзе и интегрира само ако различните иницијативи се координираат, се помагаат, ако споделуваат меѓу себе добри пракси и научени лекции и без монополизација. Ова е регион со неисцрпни можности и затоа иницијативите треба да се помагаат меѓу себе и евентуално да се натпреваруваат со идеи и со ефикасност во позитивна смисла. Но, никако не смее да се дозволи да се спори потребата од регионални успешни иницијативи. Ни требаат и Отворен Балкан, и Берлински процес, и RCC, и RYCO, и CEFTA, и регионалната стопанска комора, изјави Забрчанец за „Локално“.

Отворен Балкан“, додава тој, носи само добро, не е и не може да биде закана за која било држава, за кој било народ или за која било друга иницијатива.

Отворен Балкан носи конкретни резултати, опипливи бенефити за компаниите и за граѓаните, олеснување на движењето, на работата, помош меѓу земјите во услови на енергетска и криза за храна, помош при природни катастрофи. Овие резултати, како позитивен пример што треба да се пренесе и во другите држави од регионот, ќе бидат презентирани од страна на лидерите на Отворен Балкан, на претстојниот Берлински самит посветен на Западен Балкан. Оттука, заклучокот упатува сам на себе – не е логично, ниту постои таква намера, ниту идеја, да се згаснува иницијатива која веќе дава конкретни резултати за компаниите и граѓаните, која развива добрососедство и регионална соработка, која е поддржана од над 70% од вкупното население и која ужива поддршка од нашите стратешки партнери САД и ЕУ. Отворен Балкан ќе се развива уште повеќе и ќе служи за пример, вели тој.

Тој нагласи дека „Отворен Балкан“ има јасна политика на отворени врати, поканата за Црна Гора, за Босна и Херцеговина и за Косово е постојано активна и постојано се реактуелизира.

За нас е важно да постојат, да работат и да бидат упсешни што е можно повеќе иницијативи за регионална соработка. Тоа е така бидејќи тоа го бараат и граѓаните. Уверени сме дека она што Отворен Балкан нема да стигне да го сработи ќе биде преземено и обезбедено од ЦЕФТА, друго од Регионалниот совет за соработка, трето од Берлинскиот процес, четврто од Регионалната канцеларија за млади, петто од Регионалната стопанска комора на Западен Балкан, а секако и обратно, подвлекува Марјан Забрчанец – национален координатор на Северна Македонија за „Отворен Балкан“.

Извор: Локално

Next Post

Колку ротации околу себеси му се потребни на Мицкоски да создаде центрифуга за да ја испере етикетата дезинформатор?

Shortcut

Најново

Спасовски: Мицкоски нема намера да напрви ниту чекор кон ЕУ

June 12, 2026
Фото: Влада

Мицкоски од Истанбул: Презентираме силна владина поддршка за привлекување нови турски инвестиции

June 12, 2026

Вонредни избори или национален консензус за ЕУ-агендата

June 12, 2026

(ФОТО) „Удри на спорт, не удирај по врсниците“: Боксерски вреќи низ Скопје како уметнички крик против насилството кај младите

June 12, 2026

Алиу: Реформите во здравството добиваат европска рамка со приклучувањето кон програмата EU4Health

June 12, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во македонската рамка нема „бугарско Поглавје 35“: Софија не успеа да го наметне српско-косовскиот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што добива Македонија од новиот француско-германски нон-пејпер?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Антропик“ предупредува: Вештачката интелигенција наскоро ќе може самата да се усовршува без човечка интервенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 6 и 7 јуни 2026: Интуитивно приземјување и емоционална катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk