ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ВОЈНА ВО УКРАИНА

Американец кој стана херој на руско-украинската војна – Пол Ким кого го викаа Кило

November 3, 2022 21:02
in ZOOM IN, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Во февруари, веднаш после почетокот на руската инвазија, Украина ги повика доброволците од целиот свет да се приклучат во редовите на бранителите. Така се оформи Меѓународната легија за територијална одбрана во која членуваат претставници на десетици националности, пишуваат од украинскиот Центар за стратешки комуникации и информациска безбедност.

На 5 октомври, еден од воените доброволци, Американецот Пол Ким, загина при ослободувањето на регионот на Миколаев.

Пол е роден во Хјустон, Тексас. Како и повеќето странски легионери, имаше драгоцено искуство: тој посвети дванаесет години од својот живот на армијата на САД, особено, служеше во 82-та воздушна дивизија, контингент на војници во Ирак. Американецот студирал на Универзитетот во Оклахома, а воената професија ја совладал во школата за ренџери и во Воздухопловното училиште на американската армија во Форт Бенинг, Џорџија. Во моментот на префрлање во резерва, Ким имаше чин капетан на американската армија.

Toj се приклучи на Легијата во август, кога вооружените сили на Украина се подготвуваа да извршат одлучувачки контранапад во регионите Харкив и Херсон. Според неговите верувања, тој не можел да се држи настрана кога Украинците страдале од руската инвазија. Ким вели:

„Доколку не ги запреме овде, ќе завршиме да се бориме со нив на Запад“.

Во согласност со барањата на законодавството на Украина и Соединетите Држави, тој се здоби со целосен статус на војник на Украина.

Единицата во која служеше Кило (повикниот знак на Ким) беше во јужниот правец и се бореше со непријателот на мал дел од Миколаевската област, која Русите успеаја да ја заземат.

Во кобниот ден за Пол, имаше особено жестока битка кај Тернови Поди. Нашите воини успеаја да фатат дванаесет Руси. Гневните напаѓачи прибегнаа кон масовно гранатирање. Користена е артилерија, оклопни возила, вклучително и тенкови Т-90М. Во еден момент, соборците откриле дека американскиот и уште еден украински војник не го избегнале непријателскиот оган…

За неколку дена, Пол требаше да наполни 35 години.

Телото на починатиот херој е донесено во Кијив на понатамошен пат кон Татковината, каде што Пол Ким ќе го најде својот последен одмор, со сите воени почести.

Меѓународната легија го овековечи споменот на Американецот со почесното име на неговата единица – „Тим Кило“.

Украина е горда на своите бранители и е бескрајно благодарна на сите војници од сите делови на светот кои дојдоа да се борат против руската агресија на повик на срцето. Заштитувајќи ја Украина и пролевајќи ја нивната крв овде, тие ја штитат не само нашата слобода, туку и иднината на нивните земји.

Извор: Справда

Next Post

Каевски: Мицкоски да биде сериозен и да се појави на лидерската средба, не да спинува дека немал покана

Shortcut

Најново

Анаис. Мо5тив, Прилеп

Дневен хороскоп со Анаис за 8 јуни 2026: Нова деловна иницијатива и силен социјален полет

June 7, 2026

Александар Зверев го скрши проклетството: Конечно Грен слем шампион со триумф на Ролан Гарос!

June 7, 2026

32 Конгрес на СДСМ: Сестринските партии од регионот и Европа со силна поддршка за СДСМ и Филипче

June 7, 2026

Четирите сурови реалности за бизнисот со вештачка интелигенција: Дали колабира AI балонот?

June 7, 2026

Николоски: За околу два месеци ќе добиеме модерен, проширен и целосно нов реконструиран аеродорм во Охрид

June 7, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Кошта ја кажа вистината што власта се обидува да ја сокрие

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Антропик“ предупредува: Вештачката интелигенција наскоро ќе може самата да се усовршува без човечка интервенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што добива Македонија од новиот француско-германски нон-пејпер?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Месечен хороскоп со Анаис за јуни 2026: Ментална експанзија и емотивна консолидација

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 6 и 7 јуни 2026: Интуитивно приземјување и емоционална катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk