ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО СОЦИЈАЛА

Бочварски: Овозможуваме пристоен дом за 47 социјални семејства од Дебар

November 7, 2022 14:43
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА, СОЦИЈАЛА
Share on FacebookShare on Twitter

Четириесет и седум социјално загрозени семејства во општина Дебар ќе добијат сопствен дом во новата социјална зграда, изјави министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, кој денеска заедно со заменик министерот за транспорт и врски Беким Реџепи, директорот на АД за стопанисување со станбен и деловен простор Зоран Ѓоргијев, во придружба на градоначалникот Дука, извршија увид во изградбата на социјалната зграда.

Зградата има 2 ламели со вкупно 47 станбени единици, инвестиција вредна повеќе од 1 милион евра.

„Денеска сме тука во Дебар да извршиме увид во изградбата на социјалната зграда која има 47 станови и кои ќе бидат дом за исто толку социјално ранливи семејства од општина Дебар. Инвестицијата е над 1 милион евра, но грижата кон овие категории граѓани нема цена, работиме силно за да обезбедиме кров над глава за секој граѓанин во земјата. Фокус ставаме на станбено социјалната политика и тоа најдобро го покажавме со распишување на јавните повици за распределба на социјалните згради во Пробиштип, Виница и во Свети Николе. – изјави министерот Бочварски.

Министерот Бочварски истакна дека во завршна фаза е целосната реконструкција на патот Маврови Анови до Жировница како единствена патна врска до Дебар. Исто така потенцираше дека со силно темпо се работи и на изградбата на новиот патен правец од Дебар до Кичево, со што го поврзуваме дебарскиот регион со Коридор 8.

„Ова е добар пример како централната власт во координација со локалната со конкретни проекти им помага на граѓаните. Со општина Дебар имаме и други заеднички проекти што ги реализираме како проектите за рехабилитација на локалната патна мрежа, што се приоритет за општината. И во ова време на енергетска криза инвестираме силно во сите општини и помагаме во нивниот понатамошен развој.“ – изјави заменик министерот за транспорт и врски, Беким Реџепи.

Директорот на АД за стопанисување со станбен и деловен простор истакна дека зградата ќе се изгради до крајот на наредната година.

„Објектот се состои од приземје и пет ката, со вкупно 47 станбени единици од кои на приземјето се предвидени четири станови за лица со посебни потреби. Во моментот се изведуваат ѕидарски работи и се вградува надворешна ПВЦ столарија, се работи на водоинсталатерски и електротехнички инсталации.

Вкупната инвестиција е над 1 милион евра и очекуваме градбата да заврши до крајот на следната година.“ – изјави директорот Зоран Ѓоргијев.

„Општина Дебар ги детектираше социјално ранливите семејства. До сега преку преку буџетот на општината ги плаќавме месечните кирии со што ги згрижувавме овие семејства, но еве со оваа социјална зграда конечно ќе може да им обезбеди постојан кров над глава.“ изјави градоначалникот на Дебар,Хекуран Дука.

 

 

Next Post
Фотомонтажа: РИБАРО

Шпицни болки во пределот на абдоменот добиле неколку вмровски градоначалници

Shortcut

Најново

Кијив, 25 септември 2026 (фото: ДСНС)

Во Кијив загина 14-годишно момче, погодена клиника во Запорижја, Зеленски во ОН го нарече Путин „нулти пациент“ на војната

September 25, 2026
Никола Спасов

Нема добар ПР за лоша политика

September 25, 2026
Раговори за иднината 12:05 (фотографија објавена на 27 август 2026, на ФБ страницата на иницијативата)

(РЕЗИМЕ) „12:05“ бара промени во СДСМ и заминување на Филипче, партијата возвраќа: „ЗНАМ 2.0“ и дефокус

September 25, 2026
Фонд на пензиското и инвалидското осигурување - ФПИОСМ (фото: ФБ ФСПИОСМ)

Раст на пензиите за 3 отсто – законско услогласување, не покачување: Најниските пензиите ќе пораснат за околу 600 денари, највисоките околу 2.800

September 24, 2026

Жесток партиски судир за лобирањето во САД: СДСМ обвинува за скандал, ВМРО-ДПМНЕ враќа дека фирмата е поврзана со Заев

September 24, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Чалам на виткање, карактер на расклопување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Неверојатно но вистинито: Убедлива победа на Путин!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тага за сѐ што е живо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (РЕЗИМЕ) „12:05“ бара промени во СДСМ и заминување на Филипче, партијата возвраќа: „ЗНАМ 2.0“ и дефокус

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk