ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС

    ​„27+1“ Португалија не го заборави Диого Жота: Трагично загинатиот фудбалер е симболичниот патник на Мундијалот

    Николоски: Со законски измени стимулираме изградба на дата центри во Македонија

    СДСМ обвинува: Тендерот за автобуси пропадна бидејќи бил местен за 12 милиони евра поскапа понуда

    Западноафриканска магија на ОФФест: Виртуозното трио „Guitari Baro“ доаѓа во Скопје

    Денеска се одбележува 23 Мај – Националниот ден на Власите

    Филипче: Буџетот е пред колапс, нема пари за поголеми плати, пензии, нема за мерки

    Фото: Собрание на Република Северна Македонија

    Граѓанските организации апелираат: Пратениците да не го поддржат бришењето на невладиниот сектор од Законот за игри на среќа

    Анаис. Мотив, Охрид

    Викенд хороскоп на Анаис за 23 и 24 мај 2026: Оперативна прецизност и подготовка на системот

    САД објавија нова серија тајни документи за НЛО: Пријавени зелени сфери и огнени топки

    Скршеното огледало на апсурдот, носорозите меѓу нас

    Конференција во Скопје: Жените извршуваат над 76% од неплатената работа за грижа, потребна е системска трансформација

    Фото: Скриншот, видео Јутјуб

    (ВИДЕО) Пеп Гвардиола откри зошто го напушта Манчестер Сити по 10 години: „Задоволен, среќен и горд“

    (ВИДЕО) Шок во Англија: Тухел го објави списокот за Светското првенство, нема неколку фудбалски ѕвезди

    Поништена e јавната набавка на 150 електрични автобуси и 75 електрични полначи

    Канада го пречекува светот: ФИФА Светско првенство 2026

    (ВИДЕО) Емотивно збогување на Стивен Колберт со „The Late Show“: Ѕвездено финале и последни критики кон мрежата

    СДСМ до Орце Ѓорѓиевски: Денот на Европа го одбележува со 15 дена задоцнување, страв ни е елката да не ја кити за Велигден

    Трагедија на скопската обиколница: Четири лица загинаа во страотен судир меѓу „БМВ“ и камион

    Настан во Прилеп во чест на Дарко Дамески: 55 години од „Златната арена“ за „Црно семе“

    Анаис хороскоп, Македонија, Скопје Даут Пашин амам

    Дневен хороскоп со Анаис за 22 мај 2026: Креативен суверенитет и затворање на позициите

  • ПОЛИТИКА

    Мицкоски: Македонија обезбеди најмногу средства во рамки на Планот за раст за Западен Балкан и Инструментот за реформи и раст

    Филипче: СДСМ се повлекува од Комисијата за финансирање, најавена кривична пријава и интерпелација за Африм Гаши

    Мицкоски на јубилејот на „Костал“ во Охрид: Компанијата е приказна за успех и двигател на македонската економија

    ЕУ додели нови 65,7 милиони евра за реформи во Македонија, Филипче обвинува за изгубени 200 милиони

    (ВИДЕО) Филипче со јавен повик до Мицкоски: Да ги донесеме уставните измени заедно, СДСМ ќе ја сподели одговорноста

    НИКОЛОСКИ: Следната година се пушта една лента од Прилеп-Битола, „Левица“ штити сопственици на вили кои може да ја чинат државата 100 милиони евра

    Филипче: Младите не си заминуваат само поради стандардот, туку затоа што не веруваат во системот

    Форум на жени на СДСМ најави пријави: Бараат разрешување на Неделковски и санкции за Тасевски поради говор на омраза

    Мицкоски: Имаме двојно поголем буџет за науката и поддршка за нашите научници, споредбено со 2024-та година

    Ова не е апел за милостина, туку за здрав разум: Олеснете им го животот на луѓето!

    ​„Студентарија“ алармира: Студентите во реновираните домови ќе плаќаат поскапо сместување

    Фуркан Салиу: За две години власта ја врати меѓуетничката омраза и го блокираше патот кон ЕУ

    Фото: Министерство за правда

    Филков за протестите за правосудниот испит: Познавањето на македонскиот јазик е законска обврска, а не дискриминација

    (ВИДЕО) Филипче: Повиците на Мицкоски за наводно единство се лажни и лицемерни, не го интересира државата

    Мицкоски: Да се обединиме за државните и националните интереси, ниту една политичка разлика не смее да биде поголема од татковината

  • ФРОНТ
    • All
    • ESPRESSO
    • FRONTACTION
    • ВО ЕДНО
    • ТРИЧКОВСКИ

    Седумнаесетти мај 2015 година не се случи сам од себе, не падна од небо

    Дали „кризната состојба“ е механизам за спас или легален бајпас за тендери во четири очи?

    Од „наркомани и неонацисти“ до „господин Зеленски“: Што се крие зад промената во реториката на Путин?

    Звукот на привикнувањето

    Македонија е избришана од агендата на ЕУ

    Венко Филипче и Зоран Заев на прослава на 35-от роденден на СДСМ (фото извор: ВМРО-ДПМНЕ)

    Заев се појави, ВМРО-ДПМНЕ „докажа“. Што тоа?

    Илустрација Фронтлајн

    Казино туризам – мирис на скап парфем и пропаст

    Секнува унгарското масло за македонските пропагандисти

    Мицкоски и Орбан (Фото архива: Фејсбук/Христијан Мицкоски)

    Ако падне Орбан – кој ќе падне со него?

    Џелал Хоџиќ

    Како шесте месеци на ВЛЕН станаа децении и генерации на Мицкоски

    Ромите не се проблем – проблем е системот што дискриминира

    Охридскиот рамковен договор не е компромис – туку темел

    Наследена болка: Кога децата маршираат за истите права како нивните родители

    Насмевки, ракувања и војна

    Не со децении, Мицкоски може да чека и цел век

    Удобната неутралност и отсуството на смисла за хумор

    БРТ Скопје: Проект на Шилегов и СДСМ што беше блокиран, па „реанимиран“ од ВМРО-ДПМНЕ

    Мисија Брисел: Како да немаш напредок, а да звучиш како да имаш

    Тестот со патката: Кога некој звучи како Кремљ

  • ОПШТЕСТВО

    Љутков: Со 25 милиони денари, целосно реконструиран Спомен-домот на Разловечкото востание и поставена нова музејска поставка

    Средба Пешевска – Али: Здравствениот систем клучен во препознавањето на насилството врз жените

    Фото: Ангел Ангеловски

    Мрежа за заштита од дискриминација: Собранието да не легитимира здруженија што шират теории на заговор и морална паника

    НВО сектор: Македонија станува сè поопасно место за жените, системот потфрла по новиот фемицид во Битола

    Мицкоски со критика до младите и тие што работат сезонски во странство: Не може да плаќате даноци надвор, а тука да барате бесплатно здравство

    Колаж од најави за настан во Градски Парк, Скопје, на 9 мај 2026 (фото извор: ФБ страница на ЕУ Делегација во Скопје)

    Скопје со активности во знакот на Европа

    Пад од 9 места за две години: Од „задоволителна“ Македонија премина во „проблематична“ зона за слобода на медиумите

    Распишан конкурсот за државната награда „11 Октомври“ за 2026 година

    „Кафе со амбасадори“ во Битола: Дијалог за човековите права, културата и европскиот идентитет

    Граѓанскиот сектор вклучен „само колку да се кажe“ во работната група за Изборниот законик

    Црн биланс на работните места: 31 жртва во несреќи при работа во текот на 2025 година

    Фото: Ј. Ѓорѓиоски / Фронтлајн

    20 години без одлука: 100% воен инвалид без дом, државата знае – не решава

    „Метаморфозис“ го објави конкурсот за годишната награда „Илија Жупаноски“ за справување со дезинформации

    Илустрација Фронтајн

    Од денеска целосно оперативен ЕЕС системот за влез во ЕУ: Што треба да знаат патниците и возачите?

    Илустрација Фронтајн

    НОВИ ПРАВИЛА ЗА ПАТУВАЊЕ ВО ЕУ: Од 10 април започнува дигиталната евиденција на границите (EES)

    Барселона настапи со дресови дизајнирани од уметница со Даунов синдром

  • СВЕТ

    Генерирано со ВИ

    ЕУ и САД постигнаа привремен трговски договор до 2029 година

    (ВИДЕО) Маѓар ѝ го прикажа на јавноста владиниот луксуз на Орбан: Декаденција во стилот на Чаушеску

    Убиство во џамија во Сан Диего. Фото Скриншот, Видео Би-Би-Си

    (ВИДЕО) Смртоносен напад во џамија во Сан Диего: Тројца убиени, напаѓачите тинејџери пронајдени мртви

    (ВИДЕО) Инциденти и тензии во Пекинг: Повредена службеничка и спор со Тајната служба за време на посетата на Трамп

    ФАО: Итни инвестиции и солидарност се неопходни за спас на агро-прехранбените системи од климатските и геополитичките кризи

    Фото: илустрација Фронтлајн

    Трамп во посета на Кина: Пет клучни прашања на маса со Си Џинпинг

    Фото: Скриншот, видео Јутјуб Индипендент

    (ВИДЕО) Кралски говор во Британија: Владата на Стармер предлага 37 нови закони за економски раст и национална безбедност

    (ВИДЕО) Шпанија и СЗО прогласија „успех“: Заврши евакуацијата на крузерот поради хантавирус

  • ЕКОНОМИЈА
    • All
    • БИЗНИС

    „Лидл“ најавува нови вработувања и ги открива досегашните инвестиции: Извозот на македонски производи лани достигнал 15,5 милиони евра преку нивната мрежа

    ВЛЕН: Обезбедени 18,3 милиони денари за поддршка на бизнисите, занаетчиите и индустријата

    Мицкоски: Автопатот Кичево-Охрид ќе биде готов до првиот квартал на 2027, инвестирани се повеќе од една милијарда евра

    Битиќи: За две години јавниот долг е зголемен за 2,5 милијарди евра

    АСОМ бара итно стопирање на законот за игри на среќа – 10.000 луѓе остануваат без работа преку ноќ

    Мицкоски на Македонија 2025: Успешно ги менаџираме работите во државата, шест квартали по ред имаме 3,5 проценти реален раст на БДП

    Николоски: Градежните активности на автопатот Охрид – Кичево влегуваат во последната финална фаза

    Фото: Министерство за транспорт

    Николоски: Изгубени се две години, рокот за дел од Коридор 8 се продолжува најмалку до 2029

    Фото: МИА

    Трендафилов: Реалното зголемување на минималната плата со инфлацијата е само 1,1%, на работниците им недостасуваат 1.637 денари за основни потреби

    Фото: ССМ

    Што се случи со платите после 3 протести и 3 блокади – ССМ направи пресек

    Бочварски: За две години власта нема ниту еден нов проект, се фали со проектите на СДСМ

  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА

    Почнува 52-то издание на Фестивалот за народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“ во Прилеп и Долнени

    Добрила и Дориан го промовираат својот трет албум „Wind To Blow“, концертната премиера закажана на ОФФест

    Италијанска музичко-поетска вечер во Филхармонија на „Скопје брас фестивал“

    Нина Ангеловска ја објави својата прва книга „Ништо случајно“: Отворено за бизнисот, политиката и мајчинството

    „Фолтин“ слави 30 години од првиот концерт: Промовирано јубилејно лого дизајнирано од Зоран Кардула

  • СПОРТ

    Земјотрес во европскиот фудбал: Мурињо се враќа во Реал Мадрид, Гвардиола го напушта Манчестер Сити?

    Срамна прослава: Фудбалерите на Вардар ја навредуваа Каролина Гочева со вулгарна песна, Неделковски се „извини“ со нов мизогизам

    Фото: ВИ

    ​„МБАПЕ ОДИ СИ!“: 30 милиони навивачи бараат негово заминување од Реал Мадрид!

    ХАОС ВО МАДРИД: Валверде во болница по тепачка со Чуамени – двајцата го пропуштаат „Ел Класико“

    Зисовска Апостолска: Нема врвен резултат доколку спортот не е безбеден за сите негови учесници

Home ФРОНТ

Битка за моќта на расудувањето

November 9, 2022 10:27
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ФРОНТ
Емилија Целакоска

Емилија Целакоска

Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: ЕМИЛИЈА ЦЕЛАКОСКА

Години и децении богами, ми остана смешна реченицата која ја искажа  Јул Бринер, низ неговиот лик како сијамски монарх:

„Во Сијам, имаме еден облик на демократија, познат како апсолутна монархија!“

Такви споредби на спротивни концепти сеуште ми се смешни, ама поинаку. Тогаш тоа беше затоа што бев уверена дека дефинициите на сѐ за што луѓето зборуваат се јасни, познати и општоприфатени од сите, не дека многу разбирав што е демократија. Ми се чини дека сметав дека е заменски термин за слобода на говор сосе сите прашалници во глава како може да не е слободен говорот, сигурно се мисли на уличарското зборување…

Подоцна разбрав дека некои ја сметаат демократијата само за наметнување на мнозинство врз малцинство, насилство врз волјата на малцинството, дека сме наивни ако демократијата не ја сфаќаме како нив, претпазливо, дека е илузија, сон, фантазија, всушност само техника за мачкање очи со цел полесно потчинување на луѓето од однапред определени владејачки елити (сосе тирада за заговор). Навистина, ја зедов и таа страна предвид. Од друга страна, злопамтечки си ја споменувам анкетата од пред година-две во која голем процент од испитаниците посакувале да ги води авторитет со „цврста рака“. Односно, едни се прикажуваат како Непокорни кон некоја измешана идеја на апсолутистичка демократија, идентификувајќи некакви „стеги“ на демократијата, а други, едноставно, посакуваат апсолутен владетел. Пак излезе како виц со спротивности кога видов дека оние на кои демократијата им е, наводно, тесна и оние кои посакуваат апсолутен владетел се, воглавно, едни исти личности, и истакнати, и од секојдневието. Една иста личност изразува револт дека демократијата го потчинува и ограничува и истата смета на иднина во која сѐ ќе биде прекрасно доколку владее режим со цврста рака. Небаре потчинувањето е вредност кон која треба да се стремиме!

Не верувам дека проблемот на не согледување на ваков апсурд е во нерационалноста на луѓето. Мислам дека е во негата на карактерот. Од една страна, имено, поимот демократија е дефиниран доста лабаво, за разлика од поимот квадрат, на пример. Квадратот, прецизно, фино дефиниран, еднакво е неопиплив како поимот за демократија. Но, поимот квадрат има многу сличности со опипливиот модел на квадрат, има и разлики, кои знаеме да ги наброиме, благодарение на прецизната дефиниција. За демократијата баш и немаме модел толку фин за сетилата, но ја разбираме насоката на содржаната идеја. Секако, не е само поимот демократија – има и други, уште посекојдневни, а лабаво дефинирани поими: слобода, закон, правда, уметност, на пример. Сите тие означуваат комплексни концепти, така што, од друга страна (уделот на говорникот), потребна е извесна чесност во карактерот за да ја задржи ориентацијата на значењето на поимот. Да отстапува, можеби, сосем малку, испробувајќи го поимот на нови ситуации, со цел да се добие подобра дефиниција, подобри рамки, да се засили јасноста на значењето, слично како што е вежбањето за телото. Но, да не се отстапува премногу.  Да не му се искршува значењето, да не му се демагнетизира ориентацијата со спротивно користење, така што самиот на себе поимот да си стане контрадикторен.

Освен чесноста, има и дополнително искушение на карактерот, претераната желба за олеснување на напорот за мислење, со препуштање на егоцентричен поглед, па макар и туѓ (малку смешно, бидејќи навидум е парадоксално), заборавајќи на други погледи или уште полошо – не признавајќи ги. Така, поимите, наместо да добијат појасно значење со помош на репер од сопствените искуства, губат од значењето со буквалистичка примена на реперот. Тоа е како да се постапи вака, на пример, за поимот југ (страната на светот): „Ене, Водно е на југ“ (јас така си гледам, не признавам друго), па „Водно = југ“ да се закопа во главата како дефиниција за југ!

Значи, комплексните поими – концепти се отворени од две страни да се надоградуваат, но пристојно. Ако обопштуваме, со цел да вброиме повеќе ситуации со блиски тековни карактеристики на поимот, тогаш потребно е да не се изместуваме претерано, инаку поимот ќе се распадне од напрегање да вброи несоодветни ситуации. Ако го упростуваме, со цел да се добие јасност во некое конкретизирање, тогаш треба да се зачува препознатливоста, општите својства, односно реперите да останат само репери, а не да влезат во дефинирањето.

Оваа отвореност, лабавост на дефиницијата на вакви значајни и секојдневно употребувани поими е искористена од политичката пропаганда. Техниката суштински  се состои од некој вид на пополнувалка за сите со лабав карактер, кои тоа си го сметаат за „отворен ум“. Имено, преку разни продорни техники се наметнуваат нечесни обопштувања и упростувања на поимите, па дури и на информациите. Тие вештачки гротескни надградби на изворниот поим или информација се поттуруваат како делче од сложувалка што недостига, како лесен мал крстозбор кој читателот САМ ќе го реши и затоа ќе биде горд што така „ингениозно“ успеал да извлече корисна „информација“, а всушност дезинформација. Го навлекле да изеде ѓубре, а да мисли, веројатно до крајот на животот, дека изел кавијар. Воедно, го деструирале поимот, информацијата, за секоја жива душа на светов. Го разориле со „надградба“, како туривање шеќер во бензински резервоар, маткајќи нѐ дека и шеќерот, и бензинот се енергенси. Со обопштувања како доцртување рокчиња со фломастер на главата на светец. Со упростувања, како бришење букви од Њутновите формули.

Да се разбереме, дејствата на нашите политички пропагандисти не произлегуваат од тоа што многу-многу се грижат за дефинициите на општествените концепти. Тие само ги намирисуваат лабавите концепти или си разлабавуваат поцврсти концепти со својот пис-јазик (F-bombing доктрина, сѐ си пишува во упатствата за употреба!) и ги искористуваат. Суштината за нив е – утилизација на сѐ. Најбаналниот пример, со најбанална утилизација, ни седи на плоштад. Сите ние, лабаво дефинираниот поим – уметност, си го консумираме, сакале или не, низ истовременото упростување и обопштување на поимот уметност, т.е. низ Скопје 2014… Но, и за демократијата, си исконсумиравме цел дијапазон од расипани лифтови, до крв во Собрание. За право на жената на абортус добивме инквизиција за казни од парични до душевни за сите вклучени. За право на образование добивме будалија со кој студенти, преку некаков екстерен испит, се исфрлаат од четврта година студии без можност да дипломираат. За право на информирање – затворени и претепани новинари. За право на лечење – плакати со доктори во лисици. За слобода на говор, немам зборови… Се надевам, памтиме сите дали сме биле среќни или не за време на диктаторот-бегалец, така врзани на кратко јаженце, сите војнички подредени со цел да бидеме корисни идиоти. Ок, сигурно имало среќни во таа ситуација, но да не влегувам во дијагностичкиот и статистички прирачник за ментални растројства.

Да повторам, генерално не мислам дека луѓето се нерационални, туку се уплашени за себе и би пошле со секого со кого ќе почувствуваат барем трошка сила плус. Сепак не е толку лесно да се открие двојна измама додека чувството на задоволство од својот памет е поголемо од чувството дека нешто не штима.

На пример, еве како денес ВМРО-ДПМНЕ (и Апасиев) ги деструираат концептите за своите приврзаници. Да разгледаме што прават со демократијата како концепт. Повикувајќи се на не наивност (оти личната сигурност е во прашање!), односно стимулирајќи цинизам (проблем на карактерот, повторно), тргнаа со една упростена дефиниција  дека демократијата е само гласање, можеби уште поцинично, само пазар со гласови. Актот на убедување со аргументи и постигнувањето договор или компромис, кои, и вредносно, и временски се остваруваат пред секое формално дејство мерливо преку гласови, го отфрлаат пред очите на сите како наивна приказна која го загрозува поединецот. Поимот компромис е деструиран до „уцена“, поимот аргумент е деструиран до „само една вистина“, а договор = „дил“ во најулична смисла.  Либерализам, социјалдемократија  = „свиткана кичма“. Власта = „лопови“ или „предавници“, „вазали“. Се разбира, кога мислат на себе во минатото како власт, не се откажуваат од оваа формула, туку ја романтизираат, „Робин Худовци“, „соработка со меѓународната заедница“, „средби со претставници на ЕУ“…

Така, ќе се обратат во етерот со „Лоповите/предавниците со свиткана кичма немаат доволно гласови оти дозволуваат уцени на само едната вистина и прават дил против нас кои сме (со) вас!“ Ок, ова е парафразирано, но не е чудно да била искажана токму оваа реченица. Сите овие зборови, склопени  во оваа смисла, биле во етер. Со превод до оригиналните значења на поимите поединечно, не завршува пропагандата, се добива само маскирано значење. Односно, дадена му е занимација на слушателот да си ги склопи по нацрт лего коцките и да си мисли дека го открил значењето на натуфтаната горна „идеја“. А ако не ги склопи коцките, уште подобро, ќе си пребројат колку слепи, верни кучиња имаат. Маскираната идеја во превод е отприлика вака: „Каква вредност е демократијата (социјалдемократијата, либералноста), ако мора да се прават компромиси за да се постигне договор? И што вредат аргументи, штом лошиот дел од компромисот е против нас доблесните?“ (бескомпромисните, вистинољубивите, правдољубивите…дополни уште доблести). Слушателот дошол самиот до интерпретација и смета дека длабоко сфаќа: „Аха! Да, навистина не ми треба демократија!“ Оваа опасна техника на недоследна логика ја викаат „Извлечи свој заклучок“ или „Фактите нека зборуваат за себе“ и слична е со „Наведување на сведокот“ на суд.

Како да се види апсурдот на пораката рационално, бидејќи чувствата се пеперутки на ветерот? Никако, мора да фатиш пеперутка. Како инаку да откорнеш таква крлеж-техника, ако изменетата смисла се храни од смислата, ако дезинформацијата се храни токму од информацијата?! Не им честитам на генијалноста оти е нечовечка.

Прво, колку и да му пружаат среќа или го тераат на гадење бесните зборови погоре, би требало човек да не се залулкува во туѓата сила, ниту да се изгуби во лутина, туку да не заборава (или да се освести допрва!) дека за тие зборови веќе има двонасочен превод со друго нивно значење, најпосле, со години сме изложени на дневно изменување на поимите и информациите. Кога ќе го добие тоа, како смисла, идеја, да не се залулка во задоволство од својата паметност, туку следно, да си ја преиспита емоцијата. Ако го фрла во очајување или пак, лутина, дека „таква е реалноста“, „џабе вредности, џабе добрина“, „животот е борба“, „треба да се опстане“ и слични песимизми, да си знае дека е жртва на пропагандната Доктрина на жилавост (Law of unintended consequences), чиста фалшливост во резонирањето. Ако емоцијата е ваква, тогаш дошло време со разбирање да ги прочитаме предвидувањата, планирањата на говорникот. Секако, може веднаш да скокнеме на овој чекор, без сецирање на измамата, но оние што мислат дека ќе најдат среќни планови, одамна застанале на првото скалило на измамата на говорникот и нема да мрднат оттаму. Емоцијата може да е оптимистична само ако планирањата  веќе биле вклучени во изворната порака. Но, не на секого му е јасно дека чесните планови се искажуваат чесно! Во случајов, што можеме да прочитаме како план за иднината: „Ние сме незадоволни од слабоста на (социјал)демократијата, не нѐ заштитува ексклузивно, па попрво би се потчиниле на вистински потчинувач – диктатор (а веројатно и корења би јаделе, оти сме милениумски пиреј), бидејќи диктатор не би криел од нас бескомпромисните, вистинољубивите, правдољубивите, дека нѐ потчинува! Би му служеле на искрениот диктатор, бидејќи штом диктаторот е искрен со нас вака доблесните дека нѐ потчинува, тогаш диктаторот е исто така  бескомпромисен, на страната на вистината, правдата, итн.! Сигурни сме и безбедни бидејќи диктаторот никогаш нема да се компромитира со компромиси, аргументирања и договарања, тој е ние, ние сме тој. Слободата не е за тие што се против вистината и правдата…“ И така натаму, во стабилен фаши-круг.

Воглавно, нивните медиумски пропагандни трикови не се случајни и не се спонтани, освен некои самоволни излети на Мицкоски, кои се препознаваат во суетата или анксиозноста. Промислените, особено во пишаните медиуми може да се препознаат и би ги оценила како модерни техники, последен крик, од којзнае кој тинк-танк.

Информациската војна е како вирусна епидемија. Имунитетот можел да се стекне со нега на карактерот во училиштето, под менторство на интегритетни индивидуи за наставници. Го немаме тоа во голем дел. Во ваква акутна состојба, државните институции, самите компании на социјалните мрежи и Гугл, односно пребарувачите генерално, избегнуваат да станат „министерства за вистина“ (патем, дали сме свесни дека ниеден пребарувач не ги реди резултатите според степенот на вистинитост? Да го освестиме тоа). Граѓаните јавно или во себе се борат за ориентација, се порамнуваат со доблести, обидувајќи се да разберат што се случува, проценувајќи си ги емоциите и рационалноста… Некои отрпнуваат, некои стануваат премногу недоверливи, дури и параноични, некои едноставно се откажуваат, бидејќи сиот тој труд ги чини здравје. Многумина ја губиме истрајноста во преиспитувањето на рецептот за толку слатките отровни заклучоци кои пропагандата ни ги сервира како наши сопствени. Чувствуваме дека инстинктот за барање недостатоци е поттикнуван и канализиран во завидливост, злоба, наместо во истражување на содржината меѓу премисата и заклучокот на пропагандата. Гледаме како креативноста се убива во прости рими и слогани, наместо да служи како енергија за деструирање на пропагандата (барем за себе). Свесни сме како краткотрајните награди во број на допаѓања на социјалните мрежи создаваат ефект на коцкање на автомат, наместо енергија за афирмација на човечка вредност. Паѓаме во депресија под притисоци со доктрината на жилавост… И така натаму – состојба споредлива со јавна здравствена криза и чувство на беспомошност.

Целта им е оваа ситуација да се истура врз изборите, но таа уште повеќе тежи на грбот на граѓаните поединечно, со самото непрепознавање на што е добро за самите нив дури и за најелементарни работи од секојдневниот живот при потрагата по информација.

Моќта на расудувањето на поединецот е моќта која ќе го урне или напредне човештвото… Битката е за неа.

Текстот е личен став на Авторката. Преземањето е дозволено според лиценцата Creative Commons 4.0.

Next Post

Столтенберг: Самитот на НАТО ќе се оддржи следната година во Литванија

Your browser does not support the video tag.
Shortcut

Најново

​„27+1“ Португалија не го заборави Диого Жота: Трагично загинатиот фудбалер е симболичниот патник на Мундијалот

May 23, 2026

Николоски: Со законски измени стимулираме изградба на дата центри во Македонија

May 23, 2026

СДСМ обвинува: Тендерот за автобуси пропадна бидејќи бил местен за 12 милиони евра поскапа понуда

May 23, 2026

Западноафриканска магија на ОФФест: Виртуозното трио „Guitari Baro“ доаѓа во Скопје

May 23, 2026

Денеска се одбележува 23 Мај – Националниот ден на Власите

May 23, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Срамна прослава: Фудбалерите на Вардар ја навредуваа Каролина Гочева со вулгарна песна, Неделковски се „извини“ со нов мизогизам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Бугарија со „Бангаранга“ е победник на Евровизија 2026!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Маѓар ѝ го прикажа на јавноста владиниот луксуз на Орбан: Декаденција во стилот на Чаушеску

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓаните револтирани од хаосот со влезниците за Дејвид Гета за 8. Септември, Авалон лимитира коментари на Фејсбук

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земјотрес во европскиот фудбал: Мурињо се враќа во Реал Мадрид, Гвардиола го напушта Манчестер Сити?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk