ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО СОЦИЈАЛА

Потпишан Меморандум за соработка помеѓу Министерството за труд и социјална политика на Р.Северна Македонија и Министерството за здравство и социјална заштита на Р.Албанија

November 14, 2022 14:55
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, РЕГИОН, СОЦИЈАЛА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерството  за труд и социјална политика на Република Северна Македонија и Министерството за здравство и социјална заштита на Република Албанија денеска потпишаа Меморандум за соработка во областа на социјалната заштита и заштита на децата.

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска  изрази задоволство што двете држави потпишуваат меморандум за соработка кој е резултат на  интересот и подготвеноста за започнување на соработка на полето на социјалната заштита и заштитата на децата.

Министерката Тренчевска истакна дека потпишувањето на овој меморандум ќе ја интензивира соработката  помеѓу двете министерства и ќе овозможи размена на искуства од областа на политиките на социјалната заштита и заштитата на децата.

„Тука би ги потенцирала, политиките за заштита на лицата со попреченост, проценката на попреченоста,  услугите за рехабилитација за лицата со попреченост, грижата за стари лица, институционалната и вонинституционална заштита. Потоа, политиките на социјалната заштита и заштитата на децата, спречување и борба против насилството врз жените и децата, како и систем на програми за социјална помош и за заштита на правата на децата,“ истакна Тренчевска.

Министерката за здравство и социјална заштита на Р.Албанија, Огерта Манастирлиу посочи дека потпишувањето на меморандумот ќе ја зајакне соработката во областа на социјалната заштита и заштита на децата, особено децата кои се цел на трговија со луѓе,подобрување на програмите на двете страни во однос на исполнување на меѓународните конвенции во областа на законодавството и хармонизација со законодавството со ЕУ.

Во рамки на иницијативата „Отворен Балкан“ минатата година беше потпишан и Меморандум за разбирање за соработка во врска со слободен пристап на пазарот на труд и Договор за условите за слободен пристап на пазарот на трудот во Западен Балкан. За спроведување на Договорот потпишан е и Протокол со кој се уредува постапката за добивање слободен пристап до пазар на труд во државите потписнички.

„Денешното потпишување на меморандумите за соработка, заедно со претходно воспоставената соработка претставува вистинската слика за две пријателски земји, насочени кон градење на европски стандарди и вредности  дома, во својата држава, за своите граѓани,“ порача Тренчевска.

Next Post

По ослободувањето на Херсон, првиот хуманитарен конвој на ОН пристигна во градот

Shortcut

Најново

Денес кога станувам пионер…

September 23, 2026

Продлабочување на финансиските нерамнотежи во Русија: Банките и регионите сè повеќе ја финансираат војната

September 23, 2026

YOUth HUB започнува европска иницијатива за зајакнување на дигиталната отпорност на младите

September 23, 2026

Тага за сѐ што е живо

September 23, 2026

Денот по Денот на мирот

September 22, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како една објава ја преобликуваше глобалната дебата за вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • САТИРА: Не фала, од дома си носиме шопска и жолта со гаранции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бран од жестоки критики по маневарот на Мајк Џонсон за спас на Хегсет: Претставничкиот дом распуштен за да се спречи импичмент и судење во Сенатот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Чалам на виткање, карактер на расклопување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk