ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

„Активната блокада“ на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието им ги попречува европските погодности на земјоделците

November 18, 2022 13:48
in ZOOM IN, АНАЛИЗИ, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во време на светска, енергетска и економска криза која се пренесе и на обезбедувањето на
суровини за прехранбени производи, јакнењето на домашните капацитети и зголемувањето на
домашното производство на храна, учеството на сите институционални фактори за справување со
овие прашања, е од суштинска важност и израз на одговорно државничко однесување.

„Активната блокада“ што ја спроведува ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во работата на Собранието
од овој апскет е особено проблематичен пристап. Се доведуваат во прашање закони со што се
предизвикуваат сериозни ризици за реализација на мерките кои на граѓаните ќе им ги олеснат
деновите на неизвесност до надминувањето на кризата, а на земјоделците им се попречува
можноста да бидат чинители во тој процес од кој ќе имаат и директна финансиска добивка.
Еден таков закон е предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за земјоделство и
рурален развој доставен уште на 26 август 2021 година.

Со измените и дополнувањата на овој закон ќе се овозможи пренесување на надлежностите за
водење на Единствениот регистер за земјоделски стопанства (ЕРЗС) и на Системот за
идентификација на земјишни парцели (СИЗП) од Миниистерството за земјоделство, шумарство и
водостопанство (МЗШВ) на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот
развој, со што ќе се регулира регистрацијата и финансиската поддршка на земјоделските задруги.

Овие закони произлегуваат од потребата на усогласување на нашето законодавство со она на ЕУ
во сферата на земјоделството, но многу поважно е што европеизирањето на оваа регулатива ќе ги
поттикне земјоделците да формираат задруги за подобрување на организацијата за производство,
за окрупнување на капацитетите и за планирање и адаптирање на производството во согласност
со побарувачката на пазарот во однос на квалитетот и квантитетот на понудената количина.

 

Поедноставената постапка за ефикасни земјоделски задруги и обединувањето на земјоделците ќе
ги намали трошоците за производство, ќе ја зајакне преговарачката моќ на земјоделските
производители при склучувањето на договорите со трговците на големо и трговците на мало, а
заедничкиот настап ќе им се обезбеди висока конкурентност на пазарот.

Со пренесување на надлежноста на Единствениот регистер за земјоделски стопанства и на
Системот за идентификација на земјишни парцели од Миниистерството за земјоделство,
шумарство и водостопанство (МЗШВ) на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и
руралниот развој, во голема мерка ќе се поедностави и скрати постапката за поднесување на
барања за директни плаќања, односно субвенции бидејќи аплицирањето ќе се сведе само на еден
шалтер.

Следниот закон кој е заглавен речиси цела една година се измените и дополнувањата на Законот
за основање на Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој. Тој се
надоврзува на претходниот, односно на Предлог-законот за изменување и доополнување на
Законот за земјоделство и рурален развој.

Со предложените измени на постоечкото законско решение се олеснува процесот на аплицирање,
ќе бидат сведени на минимум административните процедури и брзата исплата на оодобрените
финансиски интерес што е врвен интерес на земјоделците.
Третиот блокиран закон кој исто така е од исклучителен интерес за замјоделците е доставен уште
на 5 ноември 2020 година.

Станува збор за измени и дополнувања на Законот за змејоделско земјиште со којшто ќе се
овозможи консолидирање, односно окрупнување на земјоделските површини со дополнителни
парцели кои сега се во државна сопственост и кои на тој начин ќе им бидат ставени на
располагање на земјоделците за да се справат со расцепканоста на земјиштето и со тоа да ги
подобрат продуктивноста и конкурентноста на земјоделското производство и животот во
руралните средини.

Вo писмото со Собранието од 1 ноември оваа година, Миниистерството за земјоделство,
шумарство и водостопанство, покрај овие, апелира да се одблокираат уште седум други закони,
меѓу кои и Законот за ратификација на Спогодбата за соработка во областа на ветеринарството,
безбедноста на храна и на добиточна храна и во фитосанитарната област од иниицијативата
Отворен Балкан којшто овозможува брз транспорт и пристап на земјоделските производи на
пазарите во регионот.

Она што индикативно во врска со овие прашања е селективниот пристап на ВМРО-ДПМНЕ со
„активната блокада“ во Собранието со што им се попречува примената на европските искуства и
погодности на земјоделците, токму кога е во тек скринингот во започнатите преговори за членство
во ЕУ и кога е важен секој навремен чекор во усогласувањето со европската регулатива.

Зоран Бојаровски / Цивил Медиа

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Фото, Илустрација, генерирано со ВИ

Лав избеган од зоолошка во Турција, нападна човек

July 6, 2025
Фото: МИА

Полска од полноќ воведува контроли на границата со Германија

July 6, 2025

ЦУК: Шест активни пожари на отворено до 18 часот

July 6, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Концерт, Томсон, Загреб. Фото: Скриншот Јутјуб

    СДП Хрватска за концертот на Томпсон: Бевме сведоци на голем светски срам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Мицкоски е виновен за отворање на дебатата за македонскиот јазик во ЕУ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како светот се справува со демографската криза и наталитетот, а што предлага Мицкоски во Македонија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонецот е куељовски јунак кој седи на ритчето и во долината го посматра сопственото умирање!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски наметнува културолошки војни за да го раскара народот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk