„Градоначалникот на Гевгелија пред два дена отсуствуваше од седница на Совет на општината и на тој начин избегна да даде: образложение за ребалансот на Буџетот на општината за 2022 година; одговор за катастрофалните состојби со депониите во Гевгелија и дивите депонии изникнати на недозволени локации низ општината; да одговори на советнички прашања како што вети „на следната седница на Совет на општина Гевгелија“ , а тоа беше завчера одржаната 18-та седница на која тој воопшто не се појави, истакнуваат во објава на Фејсбук“, ОО на СДСМ Гевгелија.
„Затоа пак, брзаше на 6 ноември, кога се одвиваа одбележувањата по повод општинскиот празник 7-ми Ноември во Гевгелија, да му реферира за (НЕ)сработеното на својот лидер, шпицниот Мицковски“, велат од СДСМ Гевгелија.
Оттаму нагласуваат дека измина една година од неговиот влез во локалната самоуправа како функционер на ДПМНЕ во кабинетот на Градоначалникот, а тој без да излезе пред јавноста, Советот, советниците, пред изгласаните претставници на народот во Гевгелија, се огласи денеска од општинскиот кабинет со „пофален памфлет“ за кој и тој самиот знае дека се „пауновски перја“ залепени на ВМРО-вско пиле.
„Пишува Сарамандов дека сработил многу, а еве ја вистината:
– Започна изградба на атмосферска канализација, во должина од 6.500 метри, во Гевгелија, која се протега на потегот од Динќут до Железничката станица, а договорот за истата е потпишан со KFW Банката на која стои потписот на претходниот градоначалник од СДСМ;
– Нов водоснабдителен систем во Негорци и изградба на новиот цевковод, кој исто така се реализира со средства од KFW Банката, за чија имплементација Сарамандов не придонел со ништо;
– Сервисна улица кај Милци, кое беше изборно ветување на кандидатот на СДСМ за градоначалник (значи ги одработува проектите на СДСМ, а свои нема ниту започнато);
– Доизградбата на патот до населеното место Ума, во должина од 800 метри, со проект на локалната самоуправа од претходната власт во Гевгелија кога ја предводеше СДСМ и средства обезбедени од Централната власт која денеска исто ја предводи СДСМ;
– Изградба на нов модерен Младински дом во Прдејци со средства од Вадата на РСМ, со пренамена на неискористените средства од ТАВ програмата, а со потпис и проект на локалната самоуправа од претходната гарнитура во Гевгелија кога раководеше СДСМ;
– Реконструирано ракометно игралиште кај ДТВ „Партизан“ со средства што ги обезбеди претходната локална власт на СДСМ во договор и партнерство потпишан со „Видеолотарија Касинос Австрија“;
– се фали Сарамандов со нова опрема за ТППЕ Гевгелија, а истата е добиена од Дирекција за заштита и спасување и од Центарот за развој на Југоисточен плански регион.
Се фали Доне со проекти кои не се негови, со потрошени средства за кои ниту потпис нема ставено, за донации од Владата, Владини тела и дирекции, ЈИПР, а ништо нема од него сработено“, истакнуваат од СДСМ Гевгелија.
Тие потенцираат дека и Премиерот Ковачевски лично од Прдејци порачал: „Сакам да им порачам на локалната власт во Гевгелија и на опозицијата во државата, реновирањето да не си го припишуваат како лична заслуга и да не се обидуваат да ја манипулираат јавноста, китејќи се со нешто за кое немаат дадено никаков придонес“.
„За реакциите на СДСМ на работата на локалната власт Сарамандов вели дека се „паушални“.
Ние од СДСМ му порачуваме:
Отвори си ја Доне општинската архива и ќе ги најдеш сите проекти со дата 2020-2021 со кои сега се китиш во твоето писание со наслов отчет.
Не е ова отчет Доне, туку ВМРО-вска фалба со дела на СДСМ“, се наведува во соопштението од ОО на СДСМ Гевгелија.