ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Владино проширување за европско продолжување

November 21, 2022 07:00
in ZOOM IN, АНАЛИЗИ, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Љубиша Николовски. Фото: Фронтлајн

Љубиша Николовски. Фото: Фронтлајн

Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: ЉУБИША НИКОЛОВСКИ

Македонската јавност сега е преокупирана со можноста за проширување на владејачкото мнозинство со Алијанса за Албанците.

Ако ова се случи, за што очигледно постојат напрегања, тоа нема да биде од пуста желба за власт, или не исклучиво поради тоа, туку ќе претставува стратешко окрупнување на силите со силна проевропска провиниенција.

Тоа е видливо и од изјавата на Бујар Османи, во која вели дека во оваа фаза со АА се дискутира за оценување на политичкиот момент кој наметнува поголема координација меѓу политичките партии кои имаат за цел брза трака за членство во ЕУ.

Процесот на „интегрирање“ на партиите кои во досегашната политичка пракса се не само опоненти, туку и базични непријатели меѓу кои постои силна доза на нетрпеливост, очигледно не е оригинерно инициран од самите партии и затоа воопшто не е лесен.

Уште веднаш се чувствува влијанието на „Блокот“ како и на „Калето“, дипломатски срочено како иманентна потреба содржана во скринингот кој бара инклузивност на партиите заради остварување на целта – Македонија членка на Унијата до 2030-та.

Но и без тоа, реално, земјата се соочува со предизвици како што се уставните измени и економска и енергетска криза.

Очигледно обезбедувањето двотретинско мнозинство за промена на Уставот и вметнување на Бугарите во неговата Преамбула не оди така лесно, па се бараат модалитети кои на партиите им налагаат голема флексибилност и исклучителен коалициски капацитет со кој ќе треба да ги надминат разликите кои меѓу нив постојат до степен на исклучивост.

Несомнено во оваа фаза од развојот на државата, партиите се ставени на тест дали државниот интерес, сфатен како интерес на сите граѓани, е поважен од тесно партискиот или од колективниот интерес на етничките групи како монопол на секоја партија одделно.

Оттаму и воздржаноста во изјавите на лидерите на партиите за што се преговара и дали воопшто сè се сведува  само на квантификација на министерства и на сектори.

Од ова произлегува дека се работи за обид за изолација на ретроградните политички структури во земјата, или барем од нивно дистанцирање и оставање на бришан простор за притисокот од страна на јавноста, но пред сè и на меѓународната заедница.

Најавите на лидерот на Алијанса за Албанците Арбен Таравари за можен влез во владејачкото мнозинство и уште повеќе дистанцирањето од политиките на ВМРО-ДПМНЕ, предизвика силен удар врз Христијан Мицкоски, особено во неговите надежи за одржување предвремени парламентарни избори.

Имено Арбен Таравари во интервју за Фронтлајн експлицитно кажа дека негов главен услов за влез во Владата е да нема предвремени парламентарни избори до 2024 година, со што како ураган ја оддува опсесијата на Мицкоски дека со предвремени избори конечно по пет години како шпицен кандидат во опозиција ќе дојде на власт.

Ако условот на Таравари се оствари тогаш пред ВМРО-ДПМНЕ се уште дополнителни две години напрегања до остварување на целта.

Но Мицкоски нема лесно да се предаде, тој видно разочаран од развојот на настаните бара формирање техничка Влада и предвремени избори, затоа што во себе држи силен адут со кој може да ја уценува власта дури и по цена на пропаст на европската иднина на државата. Тоа секако е изборната математика која на оваа партија или коалиција и донесе доволно пратеници за без нив да нема неопходно двотретинско мнозинство за промена на Уставот и внес на Бугарите во Преамбулата, што е основниот услов за продолжување на европскиот пат на Македонија.

Но со тоа ВМРО-ДПМНЕ се става во позиција, од своевремено нај европска партија, да биде нај предавничката партија на интересите на народот и на државата. Понесена од желбата за власт, таа нема ниту минимален капацитет да се надмине себеси како што тоа го прават партиите на Албанците, кои покажуваат спремност барем времено да се откажат и од своите уцени и од своите спротивности, само во интерес на европската иднина на своите (со)граѓани.

На овој начин ВМРО-ДПМНЕ ги губи речиси сите опозициски сојузници со кои до скоро заедно јуришаа на власта.

Ќе му остане само Левица која може само да му одземе гласови.


Текстот е личен став на Авторот. Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Алијанса за АлбанцитеАрбен ТаравариВМРО-ДПМНЕЕУинтеграциикоалицииСДСМХристијан Мицкоски

НАЈНОВО

Фото: Укринформ

Осум загинати во нови руски напади врз Украина

July 3, 2025

Сиљановска Давкова околу усвојувањето на извештајот во ЕП, вели „се е можно да се случи“

July 3, 2025

Семејствата на починатите во „Пулс“ бараат финансиска помош од државата и снимање на судската постапка

July 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Забрчанец: Имавме серија потврди за македонскиот идентитет од 2017 до 2024 – дали иницијативите на Мицкоски се осмислени за да не успеат?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Српската полиција тепа студенти пред Правниот факултет во Белград, блокади во голем број градови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Скопје како зона без контрола: Убиен пешак, нападната пратеничка, автобус во пламен – државата го губи компасот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костадинов објави замрзнување на членството во СДСМ, откако не се најде на листата за градоначалници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk