ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Во име на „македонизмот“, целта е да се суспендира државата

November 23, 2022 12:41
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: НЕНАД ЈОВАНОВИЌ

Во времето на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ, луѓето велеа, „барем се гради“. Денес обратно, луѓето велат, сè што Груевски направи, сè пропаѓа. Тоа уште може да го наречеме ентропија или распаѓање.

Се будам утрово, ги прегледувам утринските вести, читам и гледам: камион на плоштадот Македонија пропаднал на неколку метри oд оној бизарен воин на коњ. Тој плоштад го правеше Груевски и неговата клика. Подолу скролам со прстот, наидувам на оваа вест: „Јавниот превоз во Скопје пред колапс, недостигаат 200 автобуси кои ги сообраќаат приватниците, а ЈСП вози со редуциран возен ред“.

Скролам со прстот надолу, го читам пратеникот на СДСМ од Куманово, Mартин Костовски, сведочи на неговиот Фејсбук профил: „Кружниот тек во Куманово од 500 илјади евра поплавен“. Се прашува Костовски, со право, што кумановчани добиле за толку многу пари. Црната хроника е уште пожива и уште помонструозна.

Јас немам сомнеж, а ниту политичко незнаење, дека кога ќе почне масовно да се плука, притоа да се повикува на братство и единство, обично се завршува во „пичвајз“ и „qwаrz“. Тоа, драги мои, е железно правило во политиката. Така беше и пред да се случи Француската револуција – која нема никакво значење со нашата денешна тема; така беше и во времето на Груевски, така е и денес, барем откако ВМРО-ДПМНЕ ја презеде локалната власт.

Политичката филозофија е подеднакво погубна кога е посебно (внатре) националистичка. Движечката сила на ВМРО-ДПМНЕ, јас мислам дека не е на одмет да го обновиме градивото, е секогаш раздор, а во нејзината средишна оска секогаш е конфузија (моментално сме во тој стадиум).

Да очекуваш дека националисти може да ти бидат фактор на национална кохезија, прво, тоа значи дека ти не си особено надарен за политика, и второ, значи, дека ти очекуваш факторот на политичка кохезија да ти биде некој со иста боја на коса и иста бојна на очи.

Сакам да ви кажам дека националноста е апстракција. Не велам дека националноста нема смисла во историјата и животот – далеку од тоа – ама ви тврдам дека на неа (читај, националноста!) не може ништо кохезивно и трајно да се изгради. А, ако сакаме да изградиме нешто трајно и кохезивно, повторно мора да прибегнеме кон апстракција: уставност, законитост, институционалност и слобода на граѓаните.

Кога ќе се постават работите вака, работите ќе тргнат на подобро, а националноста нема да изгуби ништо. Значи, вие може да бидете Македонци, Бугари, Хрвати, Ескими… велам, може да бидете тоа до кога сакате, ама кога ќе ви стане Македонското, Бугарското, Хрватското, Ескимското професија, извор на приходи, лиценца за убивање или аболиција за секакви срања, тогаш, братко мил, ние сме во (полнокрвен) Црвен бан.

Земете ги сите ујдурми „во име на Македонското“ што се прават денес во мегакасабата Скопје; земете ги сите општински свињарии кои се прават денес низ целата држава, ќе видите дека тоа е цело сервисирано во „име на македонизмот“.

Материјалните штети се огромни, угледот има шанса повторно да ни го срозат, на ист принцип како во времето на Груевски. Во „име на народот“, земјата влегува во тешка ентропија и инерција. Во име на „македонизмот“, желбата и намерата е да се суспендира државата. Размислете, не трчајте пред коњот.


Текстот е личен став на Авторот. Преземањето е дозволено според лиценцата Creative Commons 4.0.

Tags: ВМРО-ДПМНЕмакедонизамНикола Груевски
Next Post

Бесими: Со Предлог-буџетот за 2023-та ублажување на кризата, фискална консолидација и финансирање на интеграциите

Shortcut

Најново

СДСМ: По изјавите на Мицкоски за економски лидерство, германската компанија БМЗ го затвора погонот во Илинден и заминува во Полска

July 29, 2026

„Скејтбордингот не е за девојчиња“ со награда во Ерусалим и европска премиера во Сараево

July 28, 2026
Прес конференција на СДСМ во Скопје со партиски знамиња во позадина

СДСМ тврди дека тврдењата на Мицкоски за заемот од јавните претпријатија се демантирани

July 28, 2026

Мицкоски од Илинден: Македонија е едно големо градилиште со над 1.200 проекти, најавен и трет повик за општините

July 28, 2026

Осум заболени од западнонилска треска во земјава, вирусот се шири и низ Европа

July 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Џабир Дерала

    Кога и цртањето на табла не помага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вештачење од 2024 година: Мазутот од РКМ не предизвикал загадување, а ТЕЦ Неготино ѝ заштедила милиони на државата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од 1 август поскапува парното греење во Скопје, поскапува и горивото

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Икарус и ЕВН избрани за набавка на 150 електрични автобуси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: По изјавите на Мицкоски за економски лидерство, германската компанија БМЗ го затвора погонот во Илинден и заминува во Полска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk