По повод Денот на сеќавање на Гладоморот (26 ноември), Амбасадата на Украина во Република Северна Македонија во соработка со Собранието на Република Северна Македонија денеска организираат изложба „Украина се сеќава, светот признава!”.
Изложбата ќе биде отворена со воведни обраќања на претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, Амбасадорката на Украина во Република Северна Македонија, Лариса Дир, заменик Народен правобранител на Република Северна Македонија, Јован Андоновски, член на Националниот сојуз на писателите на Украина и на Сојузот на писателите на Македонија, Вера Чорниј-Мешкова, деканот на Филозофскиот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје, проф. Ратко Дуев, претседателот на Заедницата на Украинците во Северна Македонија „Лесија Украинка“, Олександр Урбанович и претседателот на ЦИВИЛ и новинар Џабир Дерала.
Отворањето на изложбата ќе се одржи денеска во 10:00 часот во Кристалната сала на Собранието на Република Северна Македонија.