ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ ESPRESSO

Треба ли да се игнорира Апасиев и неговата ѓоа Левица

November 24, 2022 13:04
in ESPRESSO, ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Мицкоски доби мандат ако сака да ја запали државата, да ја запали
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: ЈАНЕ ЃОРЃИОСКИ

Има многу дискусии за тоа како треба слободарските медиуми да го третира Димитар Апасив. Од тоа дека не треба да му се обрнува внимание, дека е маргинален политички лик и дека со пишување за него само му се храни егото, па се до тоа дека е опасно да се игнорира и дека Апасиев сепак најдува начин да се наметне во јавноста и да создаде конфузија кај луѓето. Многу медиуми не му даваат никаков простор, не го коментираат. Им ги разбирам мотивите. На тоа мислење бев и јас до пред некоја година. Но кога видов дека со затворање на очи и со неверување дека еден таков лик може да прелажи доволно луѓе да му изгласаат двајца пратеници во Собрание, сфатив дека мора да се предочува со каков човек и негови поддржувачи ние всушност си имаме работа.

Левица иако е регистрирана како партија, тие се всушност грст амбициозни ликови кои преку корката гласови од најсиромашните сакаат да се докопаат до некакво привилегирано државно буџетско функционерско столче.

Нивната партиска матрица, како што многупати досега докажале на дело, нема врска со лево ориентирана идеологија. Тие се класична најдесна десница. Идеолошки продукт од сталинистичко нихилистички микс. Тие се само за себе и се против секого и сè. Против интеграции со демократскиот свет, поточно против волјата на најмнозинското македонско мнозинство.

Апасиев и неколкутемина пулени ја водат Левица во манир да плука по секого и во исто време да поднесуваат тужби доколку се и тие малку од некого потплукнати, и тоа е одраз на нивниот карактер – одблесок на тоталитарен, суров и непоправлив десничарски карактер.

На времето, кога ги правеа првите чекори на општествената сцена, беа посакувано дури и потребно социјално друштво, па се стекнаа со доза симпатии за нивниот приказ за некаква еднаквост и социјална правда. Не прераснаа во движење. Се сопнаа на самиот праг на сопствените политички амбиции. Разочараа многумина поддржувачи на социјалната Ленка. Посебно најранливите, најслабите, нај незаштитените кои во нив забележаа зрак надеж барем за каква-таква правда.

Што прави Апасиев, каква испакуличена слика прикажува за себе и за неговата Левица?

Ги користи маките на работниците за промовирање на националистичка пропаганда и поделба на граѓаните, додека тој си ужива во професорската, а сега и во пратеничка плата од државата. Вработен си е Апасиев во времето на режимот и никогаш не доживеал ниту доцнење на плата, а ваму, демек, ги разбира маките на работниците.

И, што сработи Апасиев за работниците додека ужива во пратеничкиот мандат?

Ништо!

Нема ниту една активност за заштита на работниците и работничките права, но затоа од петни жили го штити капиталот на олигархот Костовски, на пример.

Но, тој ништо не крие мора да се признае. Тоа што многумина упорно се обидуваат да премижат со каков манипулант си имаме работа, ни се акаше од глава и во времето на борбата против режимот. За време на Шарената револуција, неговите посредници постојано потткнуваа конфликт и раздор во движењата и се залагаа за насилно преземање на власта со што му се даваа аргументи на груевци да ја оцрнат Шарената револуција

Никогаш не бил казнет од режимот ниту пак имал негативни последици за својата „борба“ против режимот

На што се сведува неговата борба за правда? – На врескање на Фејсбук. Не знае да води дијалог, да дискутира, туку одма шири говор на омраза кон неистомислениците и вистинските борци за правда. Ќе бесел, ќе стрелал! Се фали Апасиев на социјалнбите мрежи со црни списоци. Тој е еден од главните фактори кој придонесува за пад на политичката култура

Кога се работи за лична одбрана не бира начин и средства да се пресмета ни со најблиските соработници. Неговите поранешни сопартијци сведочат јавно за тоа со каков политички лик всушност си имаме работа и како партијата ја однел кон тотално радикална десница.

„Димитар Апасиев фалсификуваше десетици документи, одлуки и записници од состаноци што никогаш не се одржаа. На тој начин, без почитување на статут или право, тој ја фалсификуваше структурата на партијата и тие лажни документи ги достави до судот“ изјави Џејлан Велиу, една од основачките на Левица за меѓународниот левичарски портал „Јакобин“.

Професорот Здравко Савевски, поранешен член на раководството на Левица во изјава за РСЕ во јули годинава вели дека Левица сега, наспроти името, се однесува како десна радикална партија која добива поени на основа на национални прашања во која главни поддржувачи се разочарани членови на ВМРО – ДПМНЕ.

И Бранимир Јовановиќ кој беше дел од раководството на Левица, во неодамнешно интервју вели дека Партијата „Левица“, денеска во Македонија е десница, и екстремна десница. „Партијата „Левица“ денеска во Македонија е она што е Ле Пен во Франција и она што е „Самоопределување“ во Косово. Тоа е „Левица““, вели Јовановиќ.

Но, тоа не допира до Апасиев и неговата зацртана деструктивна цел.

Отворено настапува против ЕУ и НАТО, се исмева со македонските стратешки сојузници. Поддржувач е на актуелна Русија и на другите тоталитарни режими. Си се слика со рускиот амбасадор, за него агресијата на Украина е „специјална операција“… до каде да редам? Шири лажни вести, дезинформации и антизападна пропаганда, повикува на некаква десоросоизација, етикетира „сороспии“…

И дали сето ова може да се игнорира, драги мои, кога Апасиев и националистичките испади на Левица манипулираат и мотивираат млади на агресија, на насилство и сето тоа поткрепен преку неговите ботови на социјалните мрежи.

Ако продолжиме да игнорираме ќе ни се удри од глава, е потоа ќе биде доцна.

Да не речете не сум ви кажал.


Текстот е личен став на Авторот. Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0.

 

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: АпасиевЛевица

НАЈНОВО

Судир на полицијата со демонстрантите во Белград. Фото: Скриншот, Н1

Студентите во блокада ги повикаа граѓаните на Србија на масовен прекин на работата до исполнување на нивните барања

June 30, 2025

Пожар во галија на Вардар во Скопје, интервенира едно противпожарно возило

June 30, 2025

Брутални навреди и напади врз редакциите на Н1 и Нова: Вучиќ нè нарекува терористи, Информер бара апсење на новинари

June 30, 2025

НАЈЧИТАНО

  • За Латас, децата треба да учат во училиште

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица потешко повредени во сообраќајка во центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пожар во галија на Вардар во Скопје, интервенира едно противпожарно возило

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во првото коло од Вимблдон 737-от тенисер во светот победи без да изгуби сет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албански медиуми: Обвинетите за Бањска го обезбедуваа Вучиќ за време на протестите; Косовското Специјално обвинителство поднесе обвинение за воени злосторства против двајца Срби; Прво рочиште во Специјалниот суд за случајот „Партизани“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk