ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Мис на девственоста во куплерај

December 4, 2022 12:35
in ZOOM IN, ДЕНЕС, МЕДИУМИ, ФРОНТ
Бранко Тричковски

Бранко Тричковски

Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: БРАНКО ТРИЧКОВСКИ

Ха, па тоа беше како избор на Мис на девственоста во куплерајот што се вика Зона на невиноста во меѓуушјето.

ЗНМ.

Очекував поголема возбуда, но и вака се случи убава претстава во која слатките мали курви ја избраа најслатката меѓу себе.

Браво, честитам.

Младен делува така невино.

Дури мислам дека многу мераклии ќе имаат проблеми со ерекцијата при средбата со оваа  разоружувачка чистота и благост.

Со неговата неповторлива екстравиргиналност.

Ладно цедена.

Во комитските преси на македонскиот Жиганте.

Патриотизам со тартуфи.

Црни, нормално.

Ако останат без секс посетителите ќе излегуваат од Зоната на невинoста во меѓуушјето со тест за својата дисфункционалност.

Што не е лоша размена за надежта со која влегувале.

Хахаха!

По големата трагедија во која газдите на времето и времето како такво, ги обрежаа слатките мали курви, им ги скинаа клиторисите, ги изџвакаа десетина и повеќе години и им ги исплукаа како апартмани на Керим и Груевски, како хидроцентрали на Жмицко или како Големата охридска гимназија од светите букви на една лигња, курвите вчера гласаа не за Младенчо, туку за тие што прво ги обесчестија, па им ги земаа пасошите и ги пуштија во промет.

Без елементарна заштита.

Низ „задоволството“ што им го пружаа на широките народни маси, во меѓувреме, ја заразија целата нација.

Тие се за Македонија тоа што е еболата за Африка.

Полошо.

Затоа што беа и се организирани.

Ширачи на заразата, без други функции.

Можеби изгледа дека се ебат за пари, од страв, под присила или од уверување и за ќеиф.

Не велам дека нема и такви работи, но главната идеја што го покренува овој Линколн на злото, е уништувањето на општеството.

Како што заразениот од ковид често не знае дека е заразен и дека е заразителен.

Но тоа што не знае не го прави помалку опасен, туку поопасен.

Нека да се обидеме да бидеме појасни.

Катастрофата што се случи во последните десетина и повеќе години во медиумите е нестварна.

Луѓето што тврдат дека се новинари се како ликови симнати од сликите на Пикасо.

Чудно составени, искривени створови кои на стварноста гледаат искривено.

Реалноста што ја исфрлаат од себе е вештачка, но не помалку реална.

Фекална е, затоа што не им излегува од главите туку од аналите.

Хахаха.

Така е тоа кај Пикасо: Шупакот може да ти биде на местото на устата.

Или во отворениот череп.

Или во прстите од кои се цеди лошо сварената храна.

Принципот на критичката дистанца од власта им беше киднапиран од вмро-дпмне и издигнат на нивото на принцип преку кој ќе се шири, објективно се шири:

Хаотизам

Антивладинизам

Антиевропеизам

Примитивизам

Глупантеризам

Се разбира дека тоа ѝ нанесе огромни штети на власта, но не успеа да ја собори.

И покрај сите мајстории на Кикифрики Карапанџа.

Но, општеството го соборија.

Му ебаа мајката.

А тоа е штета од која нема поголема.

Имаме растурено, смачкано, дезориентирано, пифтијосано, флотанизирано општество.

Кукли на навивање.

Резигнирани и очајни, разочарани и констернирани хора.

Сунѓери прецицани од вистинските и уште повеќе измислени или предимензионирани афери кои на луѓето им ги затворија сите други прозорци и ги оставија само на џамчето на нестварната глупост.

Цели генерации се пораснати и формирани само на три-четири фрази: предавство, обезличеност, уништен идентитет, уништена држава, сјебана нација.

Луѓето во кафеана не знаат да прашаат кај е тоалетот.

Не знаат ништо друго.

Ко луѓе што се одгледани од животни во шумата.

Слатки мали тарзани.

Морам тука да се вратам на феноменалната метафора на Сонтаг, прилагодена, се разбира на нашите услови: Новинарите се претворени во инсекти кои ја поистоветуваат светлоста со воздухот, со излезот, кој го поистоветуваат со смртта на власта, затоа инсектот заробен во цевка на ЗНМ и на општествената реалност која ја прифаќаат и која им се прикажуваат, до смрт ќе се залетуваат во стаклениот ѕид од чија друга страна се наоѓа светлост, игнорирајќи го излезот кој се наоѓа зад него, во темнината.

Хахаха!

Незнаењето е благо кое не треба туку така да се троши.

Ни тие тоа не го знаат.

Пишувањето кај нормалните новинари и писатели е како мала врата: Некои фантазии, како големи парчиња мебел, не можат да поминат.

Но, кај хероите на нашето време поминува сѐ.

Нема глупост што не може да помине.

И како ирански дрон со руска навигација да тресне и да убие многу луѓе.

Кога само би можел да се ампутира дел од свеста.

Па да се анестезираме против болката.

Но, да ги оставиме метафорите.

Јас не мислам дека Младен е виновен за состојбите.

Тој е само мало пони во парадата на бесчестието и ритуалното самоубиство.

И ЗНМ.

Кој курац е ЗНМ?

Драмата е резултат на подлабоки и пошироки процеси.

Кои имаат и светски белег.

Но, да го изберете човекот по оваа катастрофа, тоа е како по земјотрес кој ти урнал сѐ, да гласаш за Шестиот степен по Рихтер.

Тој избор е доказ за катастрофата.

Сеедно дали луѓето не се свесни за катастрофата или неа ја доживуваат како џакузи.

Сите се заробени во моделот власт-опозиција, сдсм-вмро-дпмне и немаат моќ да го почувствуваат бранот што таа лажна претстава го крева и во кој сите ќе отидеме у пизду материну.


Специјално за ПРВАТА ЛИНИЈА. Сите права се задржани. Текстот е личен став на Авторот.

Next Post

Османи: Уставните измени треба што побрзо да станат тема во Парламентот

Shortcut

Најново

Случај „Мазут“: Може ли да има кривично дело ако нема утврдена штета?

June 6, 2026
Анаис, хороскоп, мотиви Охрид

Викенд хороскоп на Анаис за 6 и 7 јуни 2026: Интуитивно приземјување и емоционална катарза

June 6, 2026

„Антропик“ предупредува: Вештачката интелигенција наскоро ќе може самата да се усовршува без човечка интервенција

June 5, 2026

Преполна сала и огромни пофалби за премиерата на „Скејтбордингот не е за девојчиња“ на фестивалот „Трибека“ во Њујорк

June 5, 2026

(ВИДЕО) Архангел ја враќа суровата магија – „Дни оловни“ – песна со возвишен рок сензибилитет

June 5, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Кошта ја кажа вистината што власта се обидува да ја сокрие

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  •  „Охрид СОС“  бара итна привремена заштита на куќа од 1927 година во Охрид

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Месечен хороскоп со Анаис за јуни 2026: Ментална експанзија и емотивна консолидација

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Антропик“ предупредува: Вештачката интелигенција наскоро ќе може самата да се усовршува без човечка интервенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што добива Македонија од новиот француско-германски нон-пејпер?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk