ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Маричиќ од Тирана: Паѓаат цените на роамингот со што се засилуваат врските меѓу Западен Балкан и ЕУ

December 6, 2022 14:52
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, ПОЛИТИКА, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ, е дел од македонската делегација предводена од премиерот Ковачевски на Самитот ЕУ – Западен Балкан, кој се одржува во Тирана.

Маричиќ од Тирана вели дека одржувањето на Самитот на ЕУ со земјите од Западен Балкан, во земја преговарач со Унијата, е позитивен сигнал за регионот и потврда за нашата европска перспектива.

Тој додава дека денешното потпишување на заедничката декларација на телеком операторите на ЕУ и на Западен Балкан со што ќе поевтинат цените на роамингот всушност е директен механизам за интензивирање на конекциите и комуникациите меѓу граѓаните од Западен Балкан и граѓаните од ЕУ, а сигурно ќе има позитивен ефект и врз мобилноста на граѓаните, во двата правци.

„Од 2023 година се намалуваат трошоците за роаминг помеѓу ЕУ и Западен Балкан, за потоа и целосно да се отстранат. Ги зајакнуваме односите со ЕУ и ја движиме Северна Македонија во вистинска насока, а граѓаните почнуваат да ги чувствуваат резултатите. Потпишувањето на заедничката декларација на телеком операторите на ЕУ и на Западен Балкан оператори, пред почетокот на Самитот на ЕУ-Западен Балкан, доаѓа после една и пол година од успешната имплементација на Регионалниот договор, со кој се елиминираа трошоците за роаминг во рамките на Западен Балкан“, пишува на Фејсбук-профилот на Маричиќ, најавувајќи дека покрај бројните заеднички теми кои ги имаат државите од Западен Балкан со ЕУ, сепак во фокусот ќе биде евроинтеграцијата на регионот и политиката на проширување на ЕУ.

На маргините на Самитот, Маричиќ со премиерот Ковачевски имаа средба со високиот претставник за надворешни работи и безбедносна политика и заменик-претседателот на Европската Комисија – Жозеп Борел, на која е потврдено дека обединувањето на Западен Балкан во европското семејство останува геополитички приоритет на Унијата.

Лидерите од ЕУ и Западен Балкан ќе одржат две пленарни сесии на кои ќе разговараат за европската перспектива и политиката на проширувањето на ЕУ, заедничките предизвици во областа на миграцијата, сајбер криминалот, а во фокусот ќе бидат и последиците од војната во Украина и надминување на енергетската криза.

Tags: Маричиќсамит ЕУ Западен БалканТирана
Next Post

Се урна хрватски авион, по еден од пилотите се уште се трага

Shortcut

Најново

Фон дер Лајен на турнеја низ Западен Балкан – Белград и Сараево одложени по изборите

September 18, 2026

Филипче: Намалена воената помош од САД, поради криминалната власт, Македонија ја губи довербата

September 18, 2026

Пријави за стаорци во Буњаковец, од општина Центар велат дека направиле сѐ што треба

September 18, 2026

„Амазон веб сервисис“ планира дата-центар кај Кожани, Грција

September 18, 2026

САТИРА: Не фала, од дома си носиме шопска и жолта со гаранции

September 18, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Медиумски пирати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како една објава ја преобликуваше глобалната дебата за вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Сикорски: Ако Русија нè нападне и „ги симнеме ракавиците“, ние би ја поразиле прилично брзо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бран од жестоки критики по маневарот на Мајк Џонсон за спас на Хегсет: Претставничкиот дом распуштен за да се спречи импичмент и судење во Сенатот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алгоритмите, стравот и подемот на радикалната десница

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk