ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Сарачини: Етаблираните медиуми да се вклучат во борбата со дезинформациите и во едукацијата на публиката

December 9, 2022 15:07
in PMD, ZOOM IN, ДЕНЕС, ИНТЕРВЈУ, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Граѓанскиот активист и новинар, Петрит Сарачини, инаку претседател на Институтот за медиуми и аналитика, во интервју за ЦИВИЛ Медиа вели дека состојбата со дезинформациите и пропагандата во нашата земја е загрижувачка и се соочуваме со голем наплив на дезинформации. Тој истакна дека тоа особено е видливо во онлајн сферата, како и во некои етеблирани медиумски куќи.

Сарачини ја наведува Руската Федерација како еден од изворите на дезинформации, како и Србија и нејзините сензационалистички медиуми кои подоцна се пренесуваат и во нашата земја.

“Пропагандата и дезинформациите не се карактеристика само за овој дел за кој зборував, туку тоа е карактеристика и на некои политички структури и актери, како и на некои непрофесионални медиуми во онлајн сферата кои најчесто се во полза на тие политички актери“, вели Сарачини.

Состојбата создава амбиент на поларизација вели Сарачини, при што се нарушува довербата во институциите и системот за граѓаните да гледаат со недоверба не само кон институциите, туку и во медиумите. Понатаму, тој додава дека ширењето на дезинформации е светски тренд, но особено е забележливо во фрагилните демократии како што е нашата земја.

„Ние како земја сме на најдолните скалила од сите мерења што покажуваат дека во земјава има навистина ниско ниво на медиумска писменост. Треба да се забрза процесот на целосно воведување од прво одделение, па се до четврта година средна, за децата, односно младите да бидат свесни и критички да ги восприемат информациите, односно да не веруваат во се што им се сервира“, вели Сарачини.

Тој додава дека институциите треба да бидат многу потранспарентни, за да се намали влијанието на дезинформациите.

„Доколку вистинската информација е објавена, многу е потешко вие да дезинформирате“, вели тој.

Сарачини додава дека политичарите мора да бидат повоздржани во нивниот дискурс, затоа што оваа поларизација на јавната комуникација не носи никому ништо добро.

„Може да имате некоја краткорочна придобивка од тоа што ќе бидете радикални во вашите изјави и ќе го нападнете политичкиот противник, но тоа ја легитимира формата на таква дискусија, утре истиот тој политички противник ќе почне да го користи таквиот начин на комуникација“, истакнува Сарачини и додава дека политичарите мора да ги спласнат нивните емоции, бидејќи ги туркаат граѓаните во конфликти по многу основи, како што се меѓуетнички, политички, верски и тн.

Новинарот истакнува дека големите етаблирани медиумски куќи мора да се вклучат во борбата против дезинформациите и напоменува дека имаат нарушена информативна функција, притоа едукативната функција и речиси да отсуствува.

„Не е работа на медиумите само да ги пренесуваат изјавите на политичарите, туку треба да ги проверуваат и доколку тие не кажуваат нешто што е точно или вистинито, тоа треба медиумот да и го каже на публиката“, истакнува Сарачини и додава дека етаблирани медиуми водејќи се по правилото да се застапат двете страни мислат дека си ја завршиле работата.

Биљана Јордановска

подготви: А. Ристески
камера и монтажа: Самуел Дебус/OK-TV Ludwigshafen

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: дезинформацииинтервјулажни вестимедиумиПетрит Сарачинипропаганда

НАЈНОВО

Скриншот

Кос: После цела една година труд и работа Босна и Херцеговина им се придружува на петте земји од Западен Балкан, со усвојување на реформската aгенда

July 1, 2025
Фото: МИА

Два онколошки лекови префрлени од болничка во примарна позитивна листа, проширен рокот во кој осигурени лица можат да остварат рехабилитација, поголем опфат и современа поддршка за ортопедски и други помагала

July 1, 2025

Мицкоски: Очекувам секаков инженеринг во ЕП, не би ме изненадило ништо во услови кога немаме гаранции

July 1, 2025

НАЈЧИТАНО

  • За Латас, децата треба да учат во училиште

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пожар во галија на Вардар во Скопје, интервенира едно противпожарно возило

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица потешко повредени во сообраќајка во центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брутални навреди и напади врз редакциите на Н1 и Нова: Вучиќ нè нарекува терористи, Информер бара апсење на новинари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во првото коло од Вимблдон 737-от тенисер во светот победи без да изгуби сет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk