ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КОМЕНТАРИ

Хибридните закани предизвик за власта и за опозицијата

December 12, 2022 11:25
in ZOOM IN, ДЕНЕС, КОМЕНТАРИ, ПОЛИТИКА
Закана со бомба на гимназија Јосип Броз Тито, Скопје. Фото: Ангел Ангеловски

Закана со бомба на гимназија Јосип Броз Тито, Скопје. Фото: Ангел Ангеловски

Share on FacebookShare on Twitter

Ако пет години опозицијата свесно и набива чувство на неизвесна иднина на нацијата, на пропаст и безизлезност, потхранувајќи ја со страв дека ќе нема струја, дека граѓаните нема да ја издржат зимата, дека цените на прехранбените производи ќе поскапат до неподносливост, при тоа ширејќи произволни толкувања за губење на националниот идентитет, обвинувајќи ја за тоа Европската Унија и македонските институции, тогаш нели е тоа психолошка војна која има за цел да ја поткопа стабилноста на земјата.

Тие тоа го нарекуваат демократска битка за власт. Но многумина во овие бурни воени времиња тоа го нарекуваат со вистинското име, го викаат хибридни закани по безбедноста на државата. Странски сили, кои имаат свој интерес, лесно го користат ваквиот деморализиран народ за остварување на своите цели, како што се оддалечување од определбата за ЕУ, креирање сомнеж во членството во НАТО и свртување на курсот на државата кон други, во суштина нејасни геостратешки определби.

Она што е особено загрижувачки е што се поставува дилемата што е постаро, дали македонската опозиција е само искористена од надворешни сили за својата пропаганда или таа свесно се приклучува кон хибридните активности на познатa голема сила која не е среќна што Македонија застана на другата страна на вистината околу војната во Украина и се определи за Европска, а не за Евроазиска иднина.

Врвот на психолошкиот терор го постигнуваат секојдневните закани за поставени бомби  на витални места што предизвикува страв кај населението и го ограничува секојдневното слободно движење во обавувањето на секојдневните активности.

Отпрвин, најчесто закани беа упатувани кон училиштата и тоа не е случајно, затоа што секој родител најмногу се плаши за безбедноста на своето дете. Тогаш дури имаше и релативизирање на опасноста, припишувајќи им го тоа на младите луѓе кои сакајќи да губат настава, испраќаат такви пораки до раководствата на училиштата користејќи ги современите средства за интернет комуникација.

Но, во последно време се покажува дека тоа не е само игра на тинејџери туку станува збор за сериозни субверзивни активности добро смислени и испланирани, бидејќи заканите за поставени бомби се однесуваат на витални државни институции.

Токму креирањето тензии и создавањето револт и конфузија низ главниот град е една од алатките на хибридната војна. Целта е да се дестабилизираат помалите земји-членки на НАТО, а со тоа да се создаде претстава дека и самата Алијанса е кревка и некадарна во заштитата на нејзините членки.

Затоа е и многу тешко да се најдат сторителите на овие закани.

Очигледно ѓаволот ја однел шегата и време е власта да ги впрегне сите сили заедно со своите НАТО пријатели и што поскоро да се доближи до изворот на нарачателите или сторителите, затоа што нивната целосна идентификацијата е речиси невозможна мисија.

Исто така е важно опозицијата да престане да ги потхранува ваквите хибридни закани и да редефинира што е нормална борба за освојување на власта, а што дејствување со кое не се урива власта, туку сопствената држава.

Д. Е.

 

 

Tags: бомбивластНАТОопозицијахибридни закани
Next Post

Предложени законски измени со кои се забранува влез на невакцинирани и непрележани лица во затворени објекти

Shortcut

Најново

Ивана Климпуш-Цинцадзе (фото: ЦИВИЛ)

Ексклузивно интервју на украинската пратеничка Климпуш-Цинцадзе за ЦИВИЛ МЕДИА: Слободата е нашата религија!

August 15, 2026

Создавањето и пресоздавањето на кинескиот тоталитаризам

August 15, 2026

Џелал Хоџиќ: Мицкоски трча маратон кон ЕУ, но спринт кон „српскиот свет“ (ВИДЕО)

August 15, 2026
Џабир Дерала

Два јубилеи и една дијагноза

August 15, 2026

На што се жали ЕСМ ако претходно „им симнувале капа“ на РКМ?

August 15, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Огнена стихија: Екстремни температури, човечки фактор и регионална криза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk