ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Според анкетата на ИРИ, македонските граѓани знаат каде треба да оди земјата – во ЕУ

December 19, 2022 20:01
in ZOOM IN, АНАЛИЗИ, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: ЉУБИША НИКОЛОВСКИ

Според Анкетата на ИРИ, ако добро ја простудирате, ќе видите дека најдоминантна ставка во целата анкета зазема определбата на граѓаните за членство во ЕУ. За европска перспектива се определиле дури 73 проценти од граѓаните, што е спротивно на падот од 11 проценти пред една година. Тоа е очигледен резултат на почетокот на пристапните преговори со ЕУ. Доказ за тоа е фактот што анкетата на ИРИ е правена речиси веднаш (два месеци) по одржувањето на Меѓувладина конференција и усвојувањето на преговарачката рамка.

Оттаму оваа стратешка определба на македонските граѓани, на некој начин е противречна со нивното незадоволство од 58 проценти, од тоа во која насока се движи земјата.

Ваквата противречност добро ја објаснува Пол Мекарти, регионален директор на ИРИ за Европа кој смета дека причините за незадоволство се од економски карактер а не од геостратешки, како што би можело да се заклучи на прв поглед.

„Со зголемувањето на инфлацијата и цената на електричната енергија и другите економски предизвици со кои се соочува Северна Македонија во моментов, нашите податоци покажуваат дека луѓето не веруваат дека земјата се движи во вистинската насока“, рече Пол Мекарти, и порачува дека „креаторите на политики на национално ниво ќе треба да останат фокусирани на економските прашања доколку сакаат да ги сменат овие бројки“.

Инаку на прв поглед вниманието го привлекува податокот за рејтингот на партиите при што
води ВМРО-ДПМНЕ со претпоставка дека би победиле на следните избори, ако се одржат утре.
Тоа е секако факт што говори за едно моментално расположение, кое може и да се промени, затоа што изборите нема да се одржат утре. Не сугерирам во која насока би било тоа.

Но, сепак, останатите податоци оставаат простор за анализа според која ќе видите дека граѓаните подеднакво искажуваат незадоволство и од власта и од опозицијата.

Прв показател за тоа е рејтингот на партиите кој е на дното од довербата кон институциите, само 4 проценти што е еднакво со судскиот систем кој традиционално е на најдолните гранки на (не)доверба меѓу граѓаните.

Гледано пак од аспект на споредба на довербата меѓу власта и опозицијата разликата е само еден процент предност на опозицијата 8:7 проценти, во корист на опозицијата.

Со вакви показатели Власта може да биде и задоволна ако се има предвид дека опозицијата ги користеше сите средства за напади, обвинувања, кампањи, протести, блокади на закони во Собранието, на европскиот пат на земјата и т.н. Власта пак мораше да се справува со сите можни здравствени, економски и енергетски кризи и да носи и непопуларни мерки за зачувување на стабилноста на економијата и економските субјекти, а едновремено да се грижи и за ранливоста на населението во време на криза.

Како и да е, од анкетата на ИРИ медиумски најинтересен податок е што најголем рејтинг меѓу политичарите има поранешниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.

Прашањето е кој од тоа треба да се загрижи?

Ако станува збор за ли личен рејтинг и суета, тогаш тоа е повеќе пораз за сегашниот лидер на оваа партија Христијан Мицковски, за која најголемиот број граѓани или поддржувачи ѝ даваат предност на евентуални избори. Тоа значи дека тие не го препознаваат како лидер кој треба да ја води партијата, а со тоа ниту државата.

Лидерот на СДСМ Димитар Ковачевски, пак, може да е несреќен што човекот што власта го гони за криминал, кој едновремено е и на црната листа на САД е најпопуларен во земјата. Но од аспект на личен рејтинг, на што за прв пат е изложен може да биде и задоволен. Затоа што за само една година на политичката сцена, тој е само за еден процент помалку популарен од Христијан Мицковски кој пет години се мачи да биде достојна смена на Никола Груевски.


Извор: FRONTLINE | Текстот е личен став на Авторот. Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0.

Tags: анкетадовербаЕУИРИ
Next Post

ЕУ договори ограничување на цената на гасот, за Русија тоа е неприфатливо

Shortcut

Најново

Михаил Звинчук

(АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА) Протеран од Црна Гора, засолнет во Србија: Звинчук и неодговорените прашања за руските мрежи на Балканот

October 11, 2026

Европа гради коридори, Скопје гради изговори: Политика изгубена во сопствениот лавиринт

October 10, 2026
Запорижиа, 10 октомври 2026 (ДСНС)

Црн биланс од руските напади минатата ноќ во Украина: 12 загинати, меѓу нив три деца во Запорижја

October 10, 2026

Анализа на НОВА: Банките доминираат на Берзата – што значи тоа за економијата?

October 10, 2026

Дали вештачката интелигенција има права? Шефот на Microsoft AI предупредува на опасноста од создавање машини што веруваат дека се свесни

October 10, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Мартин Тасевски

    Пет празници ви се многу?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Отсуство на чувството за време

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Anthropic меѓу Пентагон и технолошките гиганти: Безбедноста, цената и контролата стануваат поважни од најмоќниот модел на вештачка интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа гради коридори, Скопје гради изговори: Политика изгубена во сопствениот лавиринт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • А бе стока народ сме!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk