Поради налетот на арктичкиот студ што го погоди поголемиот дел на САД, повеќе од 800.000 луѓе останаа без струја, а најмалку 28 лица загинаа.
Повеќе од 3.000 летови вчера беа откажани, а некои аеродроми се затворени. Во петокот, повеќе од 200 милиони луѓе беа под некаков вид метеоролошко предупредување.
Отежнатите услови на патиштата ги натераа властите да ги повикаат луѓето да останат во своите домови и да ги откажат сите патувања кои не се итни, а стотици луѓе останаа блокирани во сообраќајот.
The lake band is still raging, but it’s now south of the airport. Here’s a view of our office with some rather impressive snow mounds in the foreground. Many (many) cars are still buried throughout the area. pic.twitter.com/owto22GbF6
— NWS Buffalo (@NWSBUFFALO) December 25, 2022
Меѓу загинатите има три лица во сообраќајни несреќи во Кентаки и уште три во Оклахома.
Во Монтана, Националната метеоролошка служба предупреди дека на источната падина на националниот парк Глечер и околината може да падне до 20 сантиметри снег, а ветровите достигнуваат брзина и до 90 километри на час.
Монтана претходно во невремето забележа температура од -45,6 степени, додека вчерашната најниска температура е забележана во гратчето Авр и изнесуваше -39 степени.
Повеќе од 107.000 домови се без струја во Мејн, а санирањето на штетите најверојатно ќе трае неколку дена. Некои други држави побараа од граѓаните да ја намалат потрошувачката за да избегнат прекини на електрична енергија.
Голем дел од САД запаѓаат во климатска состојба што се нарекува „длабоко замрзнување“ (температури под нулата). Метеоролозите предвидуваат дека ова ќе биде најстудената зима во изминатите триесетина години. Во Денвер, Колорадо, температурата падна до минус 31 степен Целзус, најстудено време во изминатите 32 години.
Cars are stuck in heavy snow in Buffalo, New York, Saturday.
A winter storm knocked out power to 1.7 million homes and businesses across the U.S.
Officials have attributed more than a dozen deaths to exposure, icy car crashes and other storm effects.https://t.co/tsWNh43V6r pic.twitter.com/boI5WqIw9n
— Voice of America (@VOANews) December 25, 2022
Поларниот вортекс (вител) веќе се спушти кон средината на Соединетите Држави, внесувајќи ужасно студен арктички воздух и предизвикувајќи брзо намалување на температурите во многу делови од северноамериканскиот континент. „Длабокото замрзнување“ ќе биде придружено со голема снежна бура која се очекува да предизвика хаос во транспортните и комуникациските мрежи, објави Цивил Медиа.
Временските услови ќе бидат малку подобри од вторник од запад кон исток на Америка, во висорамнините и центарот на САД, но на источниот брег ќе нема покачување на температурите до четврток или петок.
Екстремните временски услови ги принудија властите ширум земјата да отворат центри за затоплување во библиотеките и полициските станици за да ги заштитат бездомниците.
Државниот метеоролошки завод објави дека на неговата карта на сегашни и идни метеоролошки опасности има „најмногу предупредувања за зимски услови досега“.
Travel hell for Via Rail passengers going between the Toronto to Quebec City corridor. This photo is from a viewer near Kingston.
9 trains stopped in tracks because of falling trees and power outages.
7 trains cancelled.
Some passengers have been stuck for more than 15 hrs pic.twitter.com/80NBFkphmY— Judy Trinh (@judyatrinh) December 24, 2022
Канаѓаните исто така издадоа предупредувања за лоши временски услови. Стотици илјади луѓе останаа без струја во регионите Онтарио и Квебек, додека многу летови беа откажани во Ванкувер, Торонто и Монтреал.
Канадската VIA Rail објави дека сите возови од Торонто до Отава и Монтреал ќе бидат откажани на Божиќ поради излетување на воз од шините, додека екстремните временски услови доведоа до голем број откажани возења.
Метеорологот Келси Мекјун од Торонто објави на Твитер дека во петокот во езерото Ири се забележани бранови до осум метри, додека во пристаништето Ферпорт, Охајо, ветрови дувале со брзина до 120 км/ч.