Статусот на земја-членка на ОН и постојана членка на Советот за безбедност на ОН што го ужива Руската Федерација е нерешено прашање според меѓународното право, пишува во соопштението на украинското Министерство за надворешни работи.
Украинското МНР објави соопштение во кое ги повика земјите на ОН да продолжат со примената на Повелбите на ОН за легитимноста на членството на Руската Федерација во светската организација.
⚡️MFA of Ukraine: The Russian Federation’s presence in the UN Security Council and in the United Nations as a whole is illegitimate
Ukraine is initiating a procedure to expel Russia from the UN
— KyivPost (@KyivPost) December 26, 2022
Украина ги повикува земјите-членки на ОН да продолжат со примената на Повелбата на ОН во контекст на легитимноста на присуството на Руската Федерација во ОН, да ја лишат Руската Федерација од нејзиниот статус како постојана членка на Советот за безбедност и целосно да се исклучи од ОН, се наведува во соопштението на МНР на Украина за нелегитимноста на присуството на Руската Федерација во Советот за безбедност на ОН и во Обединетите нации во целина.
Според МНР, Украина иницира сложен процес насочен кон постигнување на целите на оваа изјава и во овој контекст е подготвена да соработува со други земји за заеднички да ги заштити Повелбата на ОН и меѓународното право од деструктивното влијание на Руската Федерација.
Русија лажно го смета прашањето за решено, повикувајќи се на фактот дека од 24 декември 1991 година, и јавно – од 31 декември 1991 година, во Советот за безбедност на ОН се појави табличка со името на Руската Федерација. Всушност, според Повелбата на ОН, никогаш немало легитимна основа за ова, се додава во соопштението на МНР.