ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Маските паднаа, коалицијата Мицкоски- Арсовска функционира, ВМРО ДПМНЕ побегна од избори во Град Скопје

December 28, 2022 14:23
in PMD, ZOOM IN, ДЕНЕС, КОМЕНТАРИ, ПОЛИТИКА, РЕПУБЛИКА
Архивска фотографија

Архивска фотографија

Share on FacebookShare on Twitter

Јавната кавга на релација Арсовска-Мицкоски не влијаеше на поддршката за буџетот на градоначалничката од страна на советниците на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје. За буџетот за наредната година Арсовска покрај гласовите на ВМРО-ДПМНЕ, доби зелено светло и од Левица.

Буџетот тежок 114 милиони евра вчеравечер беше изгласан со 28 гласови „за“. Советниците на СДСМ не дадоа пас за финансиската конструкција на Данела Арсовска, гласајќи воздржано.

Поддршката што ВМРО-ДПМНЕ вчеравечер при усвојувањето на буџетот ја даде за Данела Арсовска отвори низа нејаснотии во контекст на јавно искажаните меѓусебни обвинувања. Откако Данела Арсовска кажа дека Христијан Мицкоски е фатен со „рачињата во медот“, алудирајќи на полемиките околу тендерот за пречистителна станица, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски истакна дека со Арсовска патиштата им се разделиле. Воедно, Арсовска кажа дека добила и закани од страна на Мицкоски со зборовите „кога ќе станам премиер, ќе го чистиме подот со тебе“. Дури, градоначалничката Данела Арсовска сметаше и дека треба да има избори за Совет на Град Скопје. Таа неодамна во дебатна емисија изјави дека потребни се локални избори на ниво на Скопје, доколку не се изгласа градскиот буџет до март.

„Доколку советниците одлучат дека не треба да поддржат функционален буџет за граѓани, за реализација на проектите и за модерно Скопје, тогаш, по автоматизам, нивниот мандат престанува и ќе си одат на локални избори и ќе си дојдат советници кои ќе работат во интерес на граѓаните. Меѓутоа, мој личен впечаток е дека таму има искусни луѓе, и во политиката и како советници, и никој не би понел таква политичка штета по нив“, рече Арсовска во емисијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ пак околу евентуални нови избори за советници одговорија дека прво би ја почекале оставката на Арсовска. Од партијата истакнаа дека немаат ништо против самораспуштање, меѓутоа сметаат дека проблемот не е во Советот, туку во градоначалничката.

Сепак, засега ниту Арсовска даде оставка, ниту се отиде на предвремени избори за советници, а мнозинството во Советот, предводено од ВМРО-ДПМНЕ продолжува да и дава поддршка на Арсовска, што се докажа со вчерашното гласање.

Денеска пак, од СДСМ посочија дека вчера маските паднале и се потврдила коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ со Данела Арсовска и Левица во Советот на Град Скопје.

„Се потврди она што го говориме, се потврди вистината.  Коалицијата на мнозинството во Советот е коалиција на шпицниот градоначалник Христијан Мицкоски, Данела Арсовска и Димитар Апасиев. Вистинските кавги им се очигледно само за тендери и раце во медот. Обидите да се дистанцираат од Арсовска, да го вмешаат СДСМ беа само обид да побегнат од одговорноста за катастрофата што му ја направија на главниот град и тоа за само една година. Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ во Скопје не работат ништо“, изјави претседателот на градската организација на СДСМ во Скопје, Васко Кичевски.

Според СДСМ усвојувањето на, како што велат, нефункционалниот буџет на Град Скопје за 2023 година на вчерашната седница од страна на советниците на ВМРО-ДПМНЕ и Левица е чист доказ дека изминатите неколку месеци сме биле жртви на исценираната театарска претстава на ВМРО-ДПМНЕ и Данела.

Инаку, основниот буџет на Градот ќе биде 72 милиони евра, дотации од централната власт ќе бидат 33 милиони евра, од самофинансирачки активности 5,7 милиони евра, а од донации 2,5 милиони евра. Од локалната самоуправа информираат дека е донесен развоен буџет со социјална компонента и со мерки за домаќинско и штедливо работење на градот.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Арсовска-МицкоскиБуџетВМРО-ДПМНЕГрад СкопјекоалицијаЛевица

НАЈНОВО

Деветти „Марш за ангелите“ во Кочани: Полицијата и Обвинителството ни должат одговор, неселективна правда мора да има

June 7, 2025

МТФ „Војдан Чернодрински“: Претставата „12“ на МНТ е за некомпетентноста на современото живеење

June 7, 2025
Фото: Скриншот

(ВИДЕО) Коко Гоф го освои Ролан Гарос за прв пат во кариерата

June 7, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонците ќе ја задржат шминката како посмртна маска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тешка сообраќајна несреќа на патот Скопје –Тетово: Почина 19-годишна девојка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кога една телефонска линија е алка во синџирот на лицемерието

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Повредените Ангела и Андреј во пожарот во Пулс што се лекуваа во Белград, се враќаат дома

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија одигра нерешено против Белгија во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk