ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Нема ништо невозможно

December 29, 2022 18:35
in ZOOM IN, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС, СВЕТ, ФРОНТ
Фото: Кири́ло Тимоше́нко

Фото: Кири́ло Тимоше́нко

Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: Амб. ЛАРИСА ДИР
Вонредна и Ополномоштена Амбасадорка на Украина во Република Северна Македонија

Само на триста и деветтиот ден од војната, на 29 декември 2022 година, рф лансираше 120 ракети и ирански дронови врз Украина. Дел од населението на Украина остана без вода, струја и греење.

На 24 декември 2022 година, рф изврши ракетен напд врз центарот на Херсон – 10 цивили загинаа, а 59 беа ранети.

Цели на 97% од ракетите лансирани од страна на рф беа објекти на цивилната инфраструктура на Украина.

Речиси една третина од територијата на Украина има потреба од деминирање.

Во овие околности, Украинците продолжуваат да го прават невозможното – да го бранат секој метар од нивната суверена територија, да пружаат отпор на украинските територии, привремено окупирани од рф, да преживуваат во зима без греење, вода и струја, да раѓаат деца, да ги учат децата, да им пружаат помош на старите лица, да подготвуваат планови за обновување на нивната територија, да се подготвуваат за политичка и социјална интеграција на окупираните територии.

Со надминување на опасните исцрпувачки искушенија, останувајќи посветена на Повелбата на ОН, Украина ја зајакнува и обединува ЕУ, станува доверливо крило на НАТО. Во услови на војна на нејзина територија, Украина продолжува да обезбедува глобална безбедност на храната по пат на заоичнување и спроведување на хуманитарната иницијатива (Grain from Ukraine). Украина го проширува своето присуство во Африка, Латинска Америка, во регионите на островите на Индискиот и Тихиот океан.

Во услови на сурова војна.

Украина е способна да биде издржлива.

Со помош на нашите држави пријатели треба да се реализира Украинската формула за мир предложена од Претседателот на Украина Володимир Зеленски:

  1. Радијациона и нуклеарна безбедност.
  2. Безбедност на храната.
  3. Енергетска безбедност.
  4. Ослободување на сите затвореници и депортирани.
  5. Имплементација на Повелбата на ОН и обновување на територијалниот интегритет на Украина и светскиот поредок.
  6. Повлекување на руските трупи и прекинување на воените дејствија.
  7. Враќање на правдата.
  8. Спротивставување на екоцидот.
  9. Спречување на ескалација.
  10. Фиксирање на крајот на војната.

Нема ништо невозможно за зачувување на животите на Украинците, универзалните човечки вредности, суверената територија на Украина.

Нема ништо невозможно за продолжување на санкциите против државата-терорист рф, за да се создаде Специјален трибунал за злосторството агресија за да се изведат руските воени злосторници пред лицето на правдата, за да се замрзнат руските средства и да се создаде механизам за компензација, за да се врати правдата.

Нема ништо невозможно – со поддршка на Украина од страна на вистинските членки на ОН.


Извор: CivilMedia | Текстот е личен став на Авторката. Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0.
Tags: Володимир Зеленскимирруски ракетни нападиУкраинацивилни цели
Next Post

(ФОТО ГАЛЕРИЈА) Дедо Мраз и ѕвездите од цртаните филмови им донесоа новогодишни пакетчиња на децата во Клиниката за детска хирургија

Shortcut

Најново

Анаис. Мотив. Скопје

Дневен хороскоп со Анаис за 4 јуни 2026: Прогресивни идеи и колективен баланс

June 3, 2026

Формиран Регионален хаб за спортска дипломатија: МОК го става спортот во функција на развојот, инвестициите и регионалната соработка во Западен Балкан

June 3, 2026

Началникот на Генералштабот на Армијата учествуваше на 19-тата Конференција на началниците на Генералштабовите на балканските земји во Република Грција

June 3, 2026
Фото: Влада

Мицкоски: Македонија во првите пет земји во Европа во растот на БДП

June 3, 2026

Филипче: Не е загрозен македонскиот идентитет, загрозена е криминалната власт на ВМРО

June 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Охрид „СОС“

     „Охрид СОС“  бара итна привремена заштита на куќа од 1927 година во Охрид

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 29 мај 2026: Широки хоризонти и чист оптимизам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 30 и 31 мај 2026: Кулминација на Сината Месечина и големата транзиција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Месечен хороскоп со Анаис за јуни 2026: Ментална експанзија и емотивна консолидација

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 28 мај 2026: Финализирање на стратегиите и ментално ослободување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk