ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home АКЦЕНТИ

Ковачевски за „Фокус“: Евроинтеграцијата на државата е неповратен процес

January 4, 2023 09:20
in ZOOM IN, АКЦЕНТИ, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Димитар Ковачевски во новогодишниот број на неделникот „Фокус“ потенцира дека патот на евроинтеграции на државата е неповратен, национален процес. Според него, сите 120 пратеници во Собранието имаат одговорност и обврска тие процеси да ги остварат поради подобра иднина на сегашните и идни генерации.

„Тоа не е процес на еден човек или партија, туку национален процес. Нашите деца заслужуваат да живеат во европска држава, но не во европска држава во туѓина, туку во Северна Македонија членка на ЕУ, каде, исто како во земјите на ЕУ, владее економски просперитет, врвна демократија и социјална правда“, дециден е премиерот.

За да се стигне до овој момент на отпочнати преговори, премиерот истакна дека беше донесена голема и тешка одлука, која ни овозможи да го откочиме патот кон зачленување во ЕУ.

„Се работеше за долги преговори и со претседавачот Франција и со Бугарија и постигнавме компромис со кој го заштитивме идентитетот. Со чист македонски јазик, како Македонци, започнавме преговори со ЕУ. Нема дилеми дека државата треба да оди напред. Граѓаните сакаат во ЕУ и наша задача како политичари е тоа да го исполниме. Хистеријата дека ќе сме се асимилирале, бугаризирале, дека ќе нè снемало, од денешна перспектива гледаме дека се само лаги. Кој може да нè асимилира никому не му е јасно. Тоа го истакнуваат претседателите на најголемите држави-членки на ЕУ. Нешто што постои длабоко во нас, постоело со векови и ќе продолжи да постои, никој не може да го одземе. А, добивме договор и преговарачка рамка што нѐ носи напред во исполнување на уште една стратешка цел“, истакна премиерот Ковачевски.

Што се однесува до понатамошните одлуки, премиерот Ковачевски истакна дека обезбедувањето на двотретинско мнозинство е само една од одлуките што ќе треба да се носат во Собранието до полноправно членство.

„Ќе се носат и други одлуки, бидејќи кога ќе заврши скрининг-процесот ќе дојдат „бенчмарковите“, кои ние ќе мора да ги исполниме во поглед на усогласување на нашето законодавство, во поглед на сериозни реформи и унапредување на општеството. Тоа значи дека до 2030 година ќе треба да се носат уште големи одлуки, како што се правело во сите земји членки. Затоа велам дека тоа е неповратен процес“, нагласи премиерот Ковачевски.

 

Tags: двотретинско мнозинствоДимитар Ковачевскиевроинтеграциипратеници
Next Post
Фото: Фронтлајн

Паричката секогаш има две страни, која ќе ни се „падне“ во 2023 година?

Shortcut

Најново

СДСМ: Кој оди на екскурзија во Брисел среде лето? Само оној што има таен план „под радарот“

August 6, 2026
Фото: Влада

Мицкоски: Македонските аеродроми се најбрзорастечки во регионот – тоа е резултат на работата изминатите 25 месеци

August 6, 2026
Џабир Дерала, Форум за мир и дијалог, 13 август 2023 (фото: Рилинд Сулејмани)

Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

August 6, 2026
Фото: Скриншот

Осумдесет и една година по атомската бомба, Хирошима повторно повика на разоружување

August 6, 2026

„Им симнувам капа на РКМ“: Сведочења за случајот „Мазут“

August 6, 2026

НАЈЧИТАНО

  • РАСПАД НА СИСТЕМОТ – проверка во вар-собата не е потребна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ХРОНОЛОГИЈА НА ЕДЕН ДИГИТАЛЕН КОШМАР: Како вештачката интелигенција ги премина безбедносните бариери и го вклучи црвениот аларм во дигиталната индустрија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тематска дебата на СДА Македонија: Северна Македонија помеѓу европската интеграција и “Српскиот свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жерновски удри по Мицкоски за навредите кон граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ возврати дека токму Жерновски живее на државна сметка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk