Една од главните теми во албанските медиуми во регионот вчера и утрово е повикот за средба на албанскиот премиер Еди Рама, до лидерите на албанските партии во Северна Македонија. Кој е поканет и кој (нема) да присуствува, и зошто, се дополнителните теми на кои пишуваат медиумите, и дел од изборот на редакцијата ЦИВИЛ Медиа за денеска.
ЕПОКА Е РЕ: По шест години, Еди Рама повторно ги собира албанските лидери во Тирана
„Шест години по прата средба, албанскиот премиер Еди Рама во вторник повторно ќе ги собере албанските лидери од Македонија во Тирана.
Причините за оваа средба не се соопштуваат во поканата на Рама, но се дознава дека ќе се фокусира на поддршката за уставните измени и евроинтегративните реформи.“, пренесе Епока е Ре.
ФЛАКА: Алтернатива и АА ќе одат кај Рама на средба, ДУИ и ДПА досега без одговор
„Дел од албанските партии во земјава потврдија дека ќе одат на средбата во Тирана, која, како што пренесуваат медиумите, ја организира албанскиот премиер Еди Рама.
Алтернатива, Алијанса за Албанците и Беса за Агенцијата за медиуми велат дека добиле покана за средба и дека ќе одат, но не соопштуваат детали. Од ДУИ нема одговор. Поканети се лидерот на ДУИ Али Ахмети, на Алијансата за Албанците Арбен Таравари, на Движењето Беса Билал Касами, на Алтернатива Африм Гаши и на ДПА, Мендух Тачи“, пренесе македонскиот медиум Флака.
Журнал: Касами ја прифаќа поканата на Рама, но не на една маса со Ахмети
„Портпаролот на Беса, Фарук Авдиу, во изјава за медиумите изјави дека првиот човек на Беса Билал Касами ќе учествува на средбата покана од Еди Рама, но нема да седне на маса со Али Ахмети. Според Авди, ДУИ ја злоупотребува политичката маса секогаш кога има неволја.“, пренесе порталот Журнал.
ЕВРОПА Е ЛИРЕ: Еден месец притвор за осомничениот за ранувањето на двајца млади Срби во Штрпце
Основниот суд во Урошевац му одреди едномесечен притвор на осомничениот со иницијали А.К. на возраст од 33 години, за повреди на две лица во Штерпце, општина населена со мнозинство Срби пренесе Слободна Европа на албански јазик.
КОХА: Новата година започна по старо
„Како ќе биде и дали ќе биде, останува да видиме. Но, апсолутно е некоректно, непринципиелно и лицемерно миење раце кога слушате како опозицијата ја обвинува оваа Влада за „Заедницата“. Лесно е да се обвинат другите, тешко е да се прифатат грешките. И ако имаа интелектуална и политичка моќ и храброст, опозицијата ќе требаше да се обедини во заеднички фронт со Владата, да го реши ова и прашањето за долготрајните преговори со Србија.“ , извадок од колумната „Новата година започна по старо“ од Флака Сурои, објавена во косовскиот дневник КОХА.
Д. Тахири / ЦИВИЛ Медиа