ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Маричиќ: Сите да се фокусираме на реформите и уставните измени

January 9, 2023 18:37
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ денеска присуствуваше на осмата седница на Националниот Совет за евроинтеграции, посветена на програмата и приоритетите на шведското претседателство со Советот на ЕУ, на која посочи дека очекува следните месеци сите да се фокусираат на брзо спроведување на реформите и на уставните измени, соопшти Секретаријатот за европски прашања.

Следниот период нè чека интензивна трансформација на македонското општество, подготовка на Патоказите за владеење на правото и за реформа на јавната администрација, завршување на уставните измени и скрининг процесот, истакна Маричиќ, додавајќи дека има доволно време и простор успешно да ги завршат уставните измени, за задржување на динамиката на процесот на преговори и избегнување ново вето, овој пат од наш политички фактор, повторно чекање и ставање на државата во ќорсокак и неизвесност.

На почеток вицепремиерот Маричиќ ѝ честита на амбасадорката на Кралството Шведска, Ами Ларсон Џеин, за преземањето на ротирачкото претседавање со Советот на Европската унија и истакна дека од особено значење е посветеноста на Шведска на процесот на европска интеграција и на безбедноста на Западен Балкан и Европа.

Очигледно е дека војната во Украина поттикна заживување на политиката на проширување на ЕУ. Безбедносната криза потврди дека обединетоста е клучот за стабилност на Европа и регионот, но и покажа дека Северна Македонија е кредибилен и вистински партнер на ЕУ, со 100% усогласеност со европската надворешна политика, изјави Маричиќ.

Маричиќ се заблагодари на чешкото претседавање и на амбасадорот Лудва, за историските одлуки кои се направија изминатите шест месеци за иднината на евроинтеграциите на земјите од Западен Балкан, во време на големи предизвици за земјите од ЕУ и за Унијата во целина.

За време на чешкото претседавање, Северна Македонија по 17 години го направи историскиот чекор на патот кон ЕУ, ги започнавме преговорите со ЕУ. Сега најважно е сите заедно да останеме доследни на нашата стратешка цел, и да обезбедиме продолжување и континуитет на преговорите со ЕУ, нагласи Маричиќ, додавајќи дека мора да се обединат околу прашањето за европската иднина на земјата и со политички консензус да им се обезбеди на граѓаните стабилност, просперитет, нови можности, европски стандарди и функционирање на државата врз европски принципи и вредности.

Очекувам сите да се на ниво на својата задача, а најмногу очекувам од институциите и од Собранието, да преземат одговорност и да покажат проактивност, за брзо и темелно спроведување на европската реформска агенда и во 2030 Северна Македонија да ја внесеме во Европската унија.

На седницата свое обраќање имаше и амбасадорката на Кралството Шведска, Ами Ларсон Џеин, која ги презентираше приоритетите на претседателството, под слоганот „Позелено, побезбедно и послободно“.

Во фокусот на своето претседателство, таа кажа дека шведската Влада ги постави прашањата поврзани со: зачувувањето на европското единство и зајакнувањето на безбедноста, конкурентноста, зелената агенда и енергетската политика и зајакнување на демократските вредности и владеењето на правото.

Евроамбасадорот Гир во своето обраќање потенцираше дека периодот од сега до редовните избори во 2024 година е време за да се „турнат“ реформи чекор понапред и да се направат уставните измени. Тој додаде дека како приоритет останува безбедноста, обединувањето на ЕУ, евроинтеграцијата на Западен Балкан и заедничкиот одговор на предизвиците предизвикани од војната во Украина, потенцирајќи дека ЕУ подготвува нов пакет помош за надминување на последиците од енергетската и економската криза.

Маричиќ потврди дека до 30 јуни годинава, колку што ќе трае шведското претседателство со ЕУ, ќе работат заедно со Шведска, бидејќи според него само со единство можеме да придонесеме во напредокот на нашата европска иднина и иднината на Европа.

Убеден сум дека ќе успееме овие шест месеци да ги искористиме за напредок и интензивирање на реформите, а за време на шпанското претседателство, да го осигураме процесот на преговори со ЕУ и европската иднина на земјата, рече Маричиќ, истакнувајќи дека со тоа Северна Македонија влегува во следната фаза на евроинтеграциите и ќе ја одржи втората Меѓувладина седница со ЕУ.

Tags: евроинтеграцииЕУМаричиќСовет на ЕУШведска
Next Post

Исчезнувањето на инсектите кои опрашуваат е причина за половина милион смртни случаи годишно

НАЈНОВО

Трамп, европски лидери. Фото: Скирншот, АП

Што истакнаа Трамп, Зеленски и европските лидери на заедничкиот состанок

August 18, 2025

Николоски: На крајот од мандатот на оваа Влада, Македонија ќе биде лидер во инфраструктура во регионот

August 18, 2025
Фото: ВИ

(ВИДЕО) Трамп вели дека планира да му се јави на Путин по денешните разговори

August 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Џабир Дерала, Форум за мир и дијалог, 13 август 2023 (фото: Рилинд Сулејмани)

    Денко Малески ги воспеа Путин и Трамп: Зошто по ѓаволите!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВО ЖИВО) Зеленски му го предаде на Трамп писмото од украинската прва дама до Меланија Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жерновски: Потребни се предвремени парламентарни избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Истражување: Витамините Б-2 и Б-7 ја ублажуваат Паркинсоновата болест

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk