ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

(2023) Сценарио 7/8: Северна Македонија се извлекува. За влакно.

Седмо од осумте сценарија за Северна Македонија во 2023 година. Сите сценарија се засновани на лични перцепции и проценки, НЕ се врз основа на конкретни изјави и сознанија.

January 16, 2023 22:49
in ZOOM IN, АКЦЕНТИ, АНАЛИЗИ, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

ЏАБИР ДЕРАЛА

Линк до СЦЕНАРИО 1/8 | Линк до СЦЕНАРИО 2/8 | Линк до СЦЕНАРИО 3/8 | Линк до СЦЕНАРИО 4/8 | Линк до СЦЕНАРИО 5/8 | Линк до СЦЕНАРИО 6/8

Руската и српската пропаганда од надвор и ултранационалистичката пропаганда од внатре, се интензивираат во 2023. Опозицијата организира протести на кои бара предвремени парламентарни избори. Во текот на летото има серија шумски пожари кои предизвикуваат огромни човечки и материјални штети, а опозицијата, по обичај, одговорноста ја префрла на власта.

БОРБА ЗА ПОЗИЦИИ

Истовремено со бранот протести, се разгоруваат внатрешните расправии и борбата за позиции во сите политички партии. Но за тоа не е потребно посебно прогнозирање…

КОНФЛИКТ И ПОМИРУВАЊЕ

Конфликтот меѓу актуелниот и поранешниот лидер, Ковачевски и Заев се интензивира и трае речиси половина година.

Сепак, соочени со растечкиот број предизвици на политички, економски и безбедносен план, двајцата маркантни лидери си подаваат рака и решаваат да ги остават разликите на страна и да се фокусираат на иднината, секој од своја позиција, Ковачевски како премиер и лидер на СДСМ, Заев како јавна личност и филантроп.

Ова помирување испраќа силен позитивен сигнал во јавноста. Мислењето дека само со дијалог и со посветена работа може да се надминат сите проблеми почнува да преовладува.

САНАЦИЈА

Владата на Ковачевски успева да собере сили и, по лошата прва половина од годината, започнува со санирање на состојбите. Со низа социјални и економски пакет мерки, тимот на Ковачевски успева да го сочува социјалниот мир и економската стабилност во земјата. Во втората половина од годината, рејтинот на СДСМ и коалицијата на власт расте. „Неутралните“ медиуми и НВО излегуваат со изјави дека рејтинзите се наместени. Но возот кон Европа добива нова енергија.

РЕКОНСТРУКЦИЈА И АПСЕЊА

Владата на Ковачевски доживува мини реконструкција. Меѓу министрите со кои се поздравува Ковачевски се (нема да откриеме сега). Владата на Ковачевски, веднаш по реконструкцијата, се зафаќа со две големи и важни реформи: правосудството и изборниот систем. И двете реформи ги прават предвремените избори невозможни.

Паралелно со интензивирањето на правосудните реформи се случуваат неколку апсења на големи судски и обвинителски ѕверки. Конечно, се покренуваат и неколку истраги за сериозни криминали за политичари, меѓу другите, и против Мицкоски и Апасиев. Започнуваат и неколку судења за висока корупција и организиран криминал.

ПОСЛЕДНИ ОБИДИ НА ОПОЗИЦИЈАТА

Опозицијата дава сѐ од себе да ги интензивира протестите. Се организираат неколку протести со насилни инциденти и се прават обиди да се предизвика меѓуетничко насилство. Но, како и во јули 2022 година, протестите „умираат“, а остануваат само 6-7 видно пијани ликови пред Собрание и исто толку пред Владата.

Во пресрет на новогодишната ноќ на премин од 2023 во 2024 година, дежурниот новинар на дескот на ЦивилМедиа твитнува: „Земјата се извлече од пропаст на евроатлантската агенда. За влакно. Со среќа во 2024 година.“


Ова е седмо од осумте сценарија за Северна Македонија во 2023 година. Сите сценарија се засновани на лични перцепции и проценки, НЕ се врз основа на конкретни изјави и сознанија. Текстот е на места со намерни претерувања и сатира чија цел е да ги насмее, но и замисли читател(к)ите. Сепак, ниту едно сценарио не е невозможно. Дури и осмото.

(2023) Сценарио 1/8: Радикализација на опозицијата, погрешни потези на социјалдемократите, вмровците победуваат на избори, но не составуваат влада
(2023) Сценарио 2/8: Бугарски синдром, шампита-пуч, политичко и законодавно лимбо
(2023) Сценарио 3/8: Ризик по опстанокот на државата
(2023) Сценарио 4/8: ВМРО-ДПМНЕ се распаѓа
(2023) Сценарио 5/8: Враќање на Груевски
(2023) Сценарио 6/8: Пад на проевропската власт во Северна Македонија

Текстот е личен став на Авторот. Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0. | Извор: CivilMedia

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: 2023опозицијапротестиреформи

НАЈНОВО

Фото: Х. Мицкоски ФБ

СДСМ: Касно му е на Мицкоски да признава дебакл на Владата – кој ќе одговара за хаосот што го создаде?

May 18, 2025

Орбан му се пожали на Руте и побара НАТО да го спречел „клеветењето“ од Украина

May 18, 2025
Фото: Кабинет на претседател на Украина

Зеленски му испрати писмо на Трамп со предлози за соработка во областите на одбраната и трговијата

May 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • АД МЕПСО: Поради нискиот транзит и конзум на електрична енергија дојде до краткотраен испад на 110 киловолтната преносна мрежа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Австрија победник на Евровизија 2025

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Научив дека смолата може да ја исуши црешата ко вмро Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Руското влијание во Србија и Балканот: Геноцид, пропаганда, негирање и хегемонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мистиката на папската облека и прстенот – симболи на моќ, жртва и светост

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk