ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Маричиќ: Потребен е сериозен политички консензус за иднината на земјата

January 17, 2023 19:46
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Северна Македонија веќе го потврди европскиот пат, но сега треба тој да се задржи стабилен, за што е потребен сериозен политички консензус околу прашањето за иднината и правецот на движење на земјата во следните 10 години, смета вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ.

– Тоа е темелот и предуслов за успешно заокружување на овој национален проект, рече Маричиќ за годишниот мултимедијален јавен настан на ЦИВИЛ – „Перспективи 2023“.

Тој додаде дека граѓаните бараат и сакаат концепт кој носи извесност, реформи, неповратни фондови за развој на земјата и затоа, според Маричиќ, ова ќе биде година која ќе им потврди на граѓаните кој е искрен во намерите за трансформација на македонското општество на подобро, а кој бега од промените кои ги носи процесот на преговори.

– Политичко обединување и гаранција дека нема да стагнира земјата и дека ќе продолжи да се движи по патот кој носи стабилност, просперитет, нови можности и кој гради уредена држава, во која има функционални демократски институции, посочи Маричиќ.

Тој потенцира дека последните години Владата покажува искрен и отворен пристап во спроведувањето на реформите и дека застануваат одговорно пред прашањата од областа на правосудството, борбата против корупцијата, подобрувањето на слободата на медиумите и слободата на изразување, кои беа со забелешки и во Извештајот на Европската комисија за 2022 година.

– Ги актуализиравме овие клучни прашања со цел поинтензивно да продолжат реформите и напредокот во најважните поглавја во преговорите со ЕУ. Владата има јасен план и визија на европеизација и трансформација на македонското општество, која ќе овозможи земјата да се движи по зацртаната траекторија кон ЕУ, изјави Маричиќ.

Вицепремиерот истакна дека ова е време кога треба да се надминат тесно-партиските интереси и да не дозволиме после 17 години поминати во „чекалната“ на ЕУ, да се однесуваме неодговорно и да се доведеме во ситуација домашен политички фактор да биде кочница и да ја блокира државата на патот кон ЕУ.

– Очекувам годинава за Северна Македонија да биде уште поуспешна од претходната и да ја завршиме со одржување на втората Меѓувладина конференција и отворање на првиот Кластер, вели Маричиќ.

Оценувајќи ја минатата година, вицепремиерот Маричиќ рече дека 2022 беше динамична и година со многу предизвици и неизвесност, како дома така и на меѓународен план, но за Северна Македонија беше и успешна година во која ги започнавме преговорите со Европската унија и ја поставивме земјата на експресниот пат на реформи и трансформација.

– Немавме право во време на турбуленции и безбедносни предизвици да ја ставаме под знак прашалник европска перспектива на земјата. Со „францускиот предлог“ и неговото усвојување од страна на парламентарното мнозинство, успеавме на европски начин, да најдеме решение за разликите и отворените прашања со Бугарија и после 17 години чекање официјално да го започнеме процесот на преговори со ЕУ, додаде Маричиќ.

Tags: Бојан Маричиќборба против корупцијаЕУнајважни поглавјанапредокреформи
Next Post

Фајон: Европската унија очекува Белград и Приштина да постигнат компромис до април, пред локалните избори

Shortcut

Најново

Фон дер Лајен на турнеја низ Западен Балкан – Белград и Сараево одложени по изборите

September 18, 2026

Филипче: Намалена воената помош од САД, поради криминалната власт, Македонија ја губи довербата

September 18, 2026

Пријави за стаорци во Буњаковец, од општина Центар велат дека направиле сѐ што треба

September 18, 2026

„Амазон веб сервисис“ планира дата-центар кај Кожани, Грција

September 18, 2026

САТИРА: Не фала, од дома си носиме шопска и жолта со гаранции

September 18, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Медиумски пирати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како една објава ја преобликуваше глобалната дебата за вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Сикорски: Ако Русија нè нападне и „ги симнеме ракавиците“, ние би ја поразиле прилично брзо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бран од жестоки критики по маневарот на Мајк Џонсон за спас на Хегсет: Претставничкиот дом распуштен за да се спречи импичмент и судење во Сенатот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алгоритмите, стравот и подемот на радикалната десница

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk